Речиси 4.000 повредени Израелци од почетокот на војната
Регистрирани се 3.924 повредени откако започна ескалацијата по иранските напади. Од нив 79 лица се уште се хоспитализирани
Речиси 4.000 Израелци се повредени и примени на болнички третман од почетокот на војната со Иран на 28 февруари, соопшти израелското Министерство за здравство.
Регистрирани се 3.924 повредени откако започна ескалацијата по иранските напади. Од нив 79 лица се уште се хоспитализирани.
Во изминатите 24 часа, болниците примија двајца пациенти кои подлегнале на повредени, а 177 пациенти се повредени, вклучувајќи едно лице во сериозна состојба, 167 се со полесни повреди и седум лица се примени поради напади на анксиозност, соопшти Министерството.
Претходно во четврток, израелската служба за вонредни состојби објави дека едно лице е убиено, а пет други се повредени кога иранска ракета го погоди регионот Шарон во централен Израел.
Израелските медиуми јавија дека спасувачките екипи пребаруваат неколку области откако паднале остатоци по нападот.
Весникот „Једиот Ахронот“ исто така објави дека осумкатна зграда во Тел Авив била оштетена во ракетен напад.
Нападите се случуваат во време кога САД и Израел продолжуваат со заедничката офанзива врз Иран, започната на 28 февруари.
Според иранските власти, во нападите загинаа околу 1.300 луѓе во Иран, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот кои имаат воени објекти на САД, предизвикувајќи жртви и штети во инфраструктурата, а воедно и нарушување на глобалните пазари и авијацијата.