| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро вели дека операцијата била насочена кон Камерун и Република Конго
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка

Францускиот министер за надворешни работи во вторникот изјави дека ќе побара санкции од Европската унија против одговорните за наводна операција на руско мешање, насочена кон земји во Африка, вклучувајќи ги Камерун и Република Конго.

Жан-Ноел Баро ја обвини Русија дека се обидува да влијае врз јавното мислење во суверени држави со цел да им наштети на француските интереси.

Тој наведе дека „Вигинум“ (Viginum) – француската агенција задолжена за откривање странско дигитално мешање – ја документирала оваа операција во извештај објавен во вторникот.

„Ќе побарам воведување европски санкции за одговорните за оваа операција на мешање, која е насочена особено кон Камерун и Република Конго“, напиша Баро на американската платформа за социјални медиуми „Икс“ (X).

Тој не прецизираше кој точно би бил опфатен со предложените санкции.

„Русија очајнички се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее, бидејќи ние не се залажуваме“, додаде тој.

Агенцијата „Вигинум“ е основана во 2021 година со цел следење и заштита од странско дигитално мешање.

Во посебен извештај објавен во 2025 година, оваа агенција, заедно со дипломатската служба на ЕУ и британското Министерство за надворешни работи, ги разгледаа активностите на „Африканска иницијатива“ (African Initiative) – руска новинска агенција за која наведоа дека е вклучена во операции за вршење влијание на африканскиот континент.

Повеќе
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Администрацијата на Трамп повторно ќе го гони поранешниот директор на ФБИ
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени