| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Ивица Дачиќ хоспитализиран поради тешка пневмонија
Помошник-директорот на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, изјави дека здравствената состојба на министерот е многу сериозна и дека следните три дена ќе бидат клучни
Ивица Дачиќ хоспитализиран поради тешка пневмонија
Ивица Дачиќ хоспитализиран поради тешка пневмонија / AA
26 февруари 2026

Вицепремиерот на Србија, министер за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.

Помошник-директорот на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, изјави дека здравствената состојба на министерот е многу сериозна и дека следните три дена ќе бидат клучни.

„Тој моментално е на механичка вентилација, респиратор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија. Со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот“, рече доктор Попевиќ.

Тој прецизираше дека Дачиќ бил примен во болница вчера во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија и нагласи дека е прерано да се даде прогноза.

„Премногу е рано, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент“, додаде Попевиќ.

Дачиќ синоќа во Клиничкиот центар на Србија беше посетен од српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со членови на Владата.

„Го посетивме сите заедно вицепремиерот и претседател на СПС, тешка е ситуацијата, но ние веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ, обраќајќи се на медиумите пред Клиничкиот центар на Србија.

Повеќе
Европа има гориво за авиони за само шест недели, предупреди Меѓународната агенција за енергија
Повиците за суспензија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел добиваат на интензитет
Претседателот на турскиот парламент повикува на суспензија на Израел од Обединетите нации
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад