| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази
„Јаглероден моноксид е најчест токсичен гас што се јавува при пожари во затворен простор. Тој многу бргу и добро ја исполнува просторијата и е доминантен причинител за смртта“, истакна Станков.
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани / AA

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на вешто лице, којшто посочи дека главна причина за смртта кај починатите лица, врз основа на обдукциските наоди и токсиколошките анализи, е насилно задушување од труење со јаглероден моноксид, амбиентално задушување, компресивно задушување и термичко оштетување на дишните органи.

Станков пред судот појасни дека водородниот цијанид, пронајден во крвта кај дел од жртвите, само го потпомогнал дејството, додека труењето со јаглероден моноксид е главниот причинител за смртта. Карактеристиките на пожарот, како што потенцираше вештакот, се исти како и при многу други пожари во затворен простор каде што синергистички дејствуваат и топлиот воздух, чадот и стампедото што се јавува во борбата за излез.

„Јаглероден моноксид е најчест токсичен гас што се јавува при пожари во затворен простор. Тој многу бргу и добро ја исполнува просторијата и е доминантен причинител за смртта“, истакна Станков, пренесува МИА.

На минатото рочиште, исто така, поради недостапност на органите на прогон, беа прочитани исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка. Одбраната се противеше на ваквиот предлог, тврдејќи дека станува збор за клучни сведоци за утврдување на околностите околу поставувањето на прскалките и внесувањето на пиротехниката во дискотеката.

Воедно, бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов изнесе предлог за исклучување на јавноста поради изнесени закани за неговиот живот на претходните рочишта. Предлогот беше одбиен од страна на судијката со образложение дека досега ниту една закана не е нотирана во записник, а обвинителството оцени дека станува збор за неосновано и незаконито барање.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц побара од лидерите на ЕУ Украина да добие статус на придружна членка
Кина и САД заеднички решаваат случај на транснационална трговија со дрога
Хезболах: Извршени 24 операции против израелските сили
Иран: Предлогот на САД доставен преку Пакистан се разгледува
Ердоган го поздрави продолжувањето на примирјето во Иран во телефонскиот разговор со Трамп
САД: Демократските сенатори поднесоа резолуција за спречување на употреба на војската против Куба
Израел е еден чекор поблиску до предвремени избори
Фон дер Лајен: Единствениот ЕУ пазар треба да се прилагоди на денешните предизвици
САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро
Бен-Гвир објави видео од приведени активисти на флотилата Сумуд принудени да клечат
САД и Израел сакале да го доведат поранешниот ирански претседател Ахмадинеџад на власт по нападите
Трамп и Нетанјаху имале „драматичен“ разговор за Иран, тврдат израелски медиуми
Иран предупредува: Новиот американско-израелски напад ќе го прошири конфликтот надвор од регионот
Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Шведска пред самитот во Анкара
Муцунски: Европската комисија ни стави на располагање 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот