| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Гаши: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција
Гаши потенцираше дека Самитот во Анкара мора да испрати силна политичка порака: „НАТО е обединет, трансатлантската врска останува силна, а членот 5 и понатаму е темелот на нашата колективна безбедност.“
Гаши: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција
Гаши: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Туркије. Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РСМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието.

Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наредната недела ќе се одржи во Анкара, Туркије.

Воведно обраќање на Самитот имаше претседателот на Големото Народно Собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, кој е и домаќин на Самитот на ПС на НАТО. Тој истакна дека „се соочуваме со еден од најранливите периоди од безбедносен аспект“, но потенцираше дека „НАТО сојузниците остро ќе се спротивстават на агресорите и дека ќе го бранат секој метар од територијата на сојузниците“. Претседателот Куртулмуш, во своето обраќање, ја реафирмираше поддршката на Украина, се осврна на состојбите на Блискиот Исток и го нагласи значењето на парламентите на земјите членки во јакнењето на НАТО.

Пред присутните се обрати и претседателот на ПС на НАТО, Маркос Перестрело,  кој изрази благодарност за ангажманот на Туркије во ПС на НАТО  и за одличната организација на Самитот. Тој потенцираше дека НАТО гради посилна и поотпорна Европа како основа за посилно трансатланско сојузништво. Воедно, изрази убедување дека НАТО сојузниците на Самитот во Анкара ќе демонстрираат подготвеност да ги реализираат обврските и заложбите што ги имаат преземени за посилно НАТО.

Свое обраќање имаше и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, која оцени дека безбедносните закани и инциденти кои изминатиов период беа успешно превенирани се доказ дека НАТО е силен и ја брани сопствената територија. Затоа, додаде таа, мора да се осигураме дека НАТО одбраната ќе остане силна. Таа изрази очекување на Самитот на НАТО во Анкара, Туркије, сите сојузници да дојдат со реални планови за исполнување на обврската за пет проценти од БДП да бидат инвестирани во одбраната.

Претседателот на Собранието на РСМ, Гаши, во своето обраќање истакна дека во денешниот свет, обележан со неизвесност, дезинформации и геополитички турбуленции, улогата на парламентите е поважна од кога било. Тој потенцираше дека Самитот во Анкара мора да испрати силна политичка порака: „НАТО е обединет, трансатлантската врска останува силна, а членот 5 и понатаму е темелот на нашата колективна безбедност.“

 „Светот брзо се менува. Затоа НАТО мора да остане не само силен, туку и агилен и подготвен за брза реакција, со стратешка визија и процеси на спроведување кои ќе одговараат на темпото и сложеноста на заканите со кои се соочуваме “, истакна претседателот Гаши и додаде дека Северна Македонија е сојузничка членка на НАТО, лоцирана во стратешки чувствителен регион и затоа е од суштинско значење да продолжат инвестициите во Западен Балкан преку понатамошно проширување, продлабочување на партнерствата и зајакнување на иницијативите за безбедносна соработка.

Претседателот нагласи дека Северна Македонија продолжува да ја поддржува Украина, но додаде дека и случувањата на Блискиот Исток имаат значајни последици врз меѓународниот мир и безбедност, енергетските пазари и хуманитарните услови и затоа мора да продолжат дипломатските напори за деескалација и промовирање на дијалогот.

Во своите обраќања, претседателите на парламентите и претставниците на парламентите на НАТО сојузниците ја реафирмираа нивната поддршка кон Украина.

На свечениот ручек се обрати претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, кој истакна дека одржувањето на овој Самит на ПС на НАТО, особено во овие тешки безбедносни времиња, е симбол на соработката и сојузништвото.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Арагчи: Иран е единствено одговорен за повторното отворање на Ормускиот Теснец
СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Сирија ги осуди израелските упади и гранатирања на јужниот дел на земјата
Куртулмуш: Прекинот на израелската агресија клучен за обезбедувањето светски мир
Кси му вети на Лукашенко континуирана развојна помош за Белорусија
Дефиле на бебиња во колички и мајки низ велешките улици
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Северна Кореја ја осудува заедничката воена вежба на САД и Јапонија
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.450, над 46.000 лица се исчезнати
Кина стави 20 јапонски субјекти под извозна контрола
Туркије: Израел ги користи настаните од 1915 година за прикривање на злосторствата во Газа
Иран и САД постигнаа договор по нападите: Oрмуз е отворен, преговорите продолжуваат
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Ротирачката врата на Даунинг стрит: Излезот на Стармер и десетгодишната цена од Брегзит