| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Израелски непријателски напад насочен кон куќа во градот Машгара во западниот дел на Бека резултираше со смрт на четири цивили, вклучувајќи петгодишно девојче и седумгодишно момче, соопшти Одделот за управување со катастрофи на либанската влада
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Бројот на засолништа отворени за прием на раселени лица достигнал 441 во различни либански региони / AP

Израелските напади во Либан од 2 март раселиле речиси 100.000 луѓе, при што загинале повеќе од 100, а 638 се ранети, според извештајот на Одделот за управување со катастрофи на либанската влада.

Во извештајот се наведува дека вкупниот број на раселени лица во колективни засолништа достигнал 95.773, додека вкупниот број на раселени семејства достигнал 21.475, објави државната новинска агенција ННА.

„Бројот на жртви на израелската агресија од зората во понеделник, 2 март, до попладнето во четврток, 5 март, се зголемил на 102 убиени и 638 ранети лица“, се наведува во извештајот.

Бројот на засолништа отворени за прием на раселени лица достигнал 441 во различни либански региони, се вели во извештајот.

Според најновото соопштение од Центарот за итни операции за јавно здравје на Министерството за здравство, „израелски непријателски напад насочен кон куќа во градот Машгара во западниот дел на Бека резултираше со смрт на четири цивили, вклучувајќи петгодишно девојче и седумгодишно момче, и повреда на еден цивил“.

Израелскaта армија, пак, денеска соопшти во текот на ноќта погодиле десет повеќекатни згради во јужните предградија на Бејрут што ги користел Хезболах .

Меѓу погодените цели наводно биле седиштето на извршниот совет на Хезболах и магацин за беспилотни летала, објави „Тајмс оф Израел“.

Пред нападите, израелската војска издаде предупредувања за евакуација за четири главни населби во областа Дахија, упориште на Хезболах.

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, се закани со масовно уништување во четврток, споредувајќи ги предградијата на Бејрут со Кан Јунис во Газа, кој беше речиси целосно уништен за време на израелските напади врз палестинските територии.

Светските лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и шпанскиот премиер Педро Санчез, го повикаа Израел да ги намали тензиите и да спречи ширење на конфликтот на нов фронт во Либан.

Израел вели дека одмаздата е одговор на ракетните напади на Хезболах врз северен Израел во понеделник.

Повеќе
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
САД со пасоши со ликот на Трамп ќе ја одбележат 250-годишнината на државата
Зеленски: Украина ќе почне да извезува вишок оружје
Ултраортодоксни демонстранти упаднаа во домот на началникот на воената полиција во јужен Израел
Израел уби осум лица во јужен Либан, меѓу нив и болничари
Трамп: Американците немаат поблиски пријатели од Британците
Поранешниот шеф на Мосад го споредува насилството на Западниот Брег со Холокаустот
Двајца израелски војници повредени при напад со дрон во јужен Либан
Најмалку четворица загинати во израелските воздушни напади врз јужен Либан
Путин: Иранскиот народ храбро и херојски се бори за независноста и суверенитетот
Мајкрософт вклучува палестинска географска терминологија во своите мапи, отстранува израелски ознаки
Кој е Кол Ален- човекот од Калифорнија, кој пукаше на гала вечерата на која беше Трамп
Трамп го поддржува предлогот за преименување на ИЦЕ во НИЦЕ во објава на социјалните медиуми
Тројца убиени во најнов американски напад врз брод што наводно шверцувал дрога во Пацификот
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо
Израел уби 14 лица во напади во јужен Либан, додека прекинот на огнот се распаѓа
Ердоган во телефонски разговор со Трамп пукањето во Вашингтон го нарече „грозоморен чин“
Трамп потврди дека полицаец е застрелан на вечерата на дописниците од Белата куќа
Како Белгија го разоткри тајниот британски канал за снабдување на Израел со оружје
САД со сè помалку воени залихи: Колку е сериозен проблемот?