| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Лига на шампиони: Арсенал го доби дербито со Интер, Спортинг подобар од ПСЖ
Наполи во Копенхаген одигра 1:1 со истоимениот тим, а асистент на голот за гостите беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, кој го изведе корнерот по кој со глава погоди Мектоминеј
Лига на шампиони: Арсенал го доби дербито со Интер, Спортинг подобар од ПСЖ
Габриел Жезус постигна два гола во победата од 1:3 против Интер, по која останува прв на табелата со 21 бод / Reuters

Арсенал со 3:1 го победи Интер на „Џузепе Меаца“ во дербито на седмото коло од Лига на шампиони, која продолжи по пауза од повеќе од еден месец.

Топчиите од Лондон сега имаат перфектни седум победи од седум меча, а во последното коло на свој терен играат против Каират.

Уште во првото полувреме Арсенал даде два гола и тоа преку Габриел Жезус. Во второто полувреме погоди и Ѓокереш во 84 минута кога стави крај околу дилемите за победникот.

Реал Мадрид се враќа во добра форма, откако убедливо со 6:1 славеше над Монако. Килијан Мбапе постигна два гола во првото полувреме, а гол-шоуто продолджи во второто полувреме кога погодуваа и Мастантуоно, Винисиус јуниор, Џуд Белингам, а еден погодок за Реал всушност беше автогол.

Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен загуби на гости од Спортинг во Лисабон со 2:1. Сите три гола беа постигнати во последните 20. минути од мечот, а херој на Спортинг беше Колумбиецот Луис Суарес кој беше стрелец на двата погодоци.

Фудбалерите на норвешки Бодо/Глимт направија изненадување совладувајќи го Манчестер Сити со 3:1.

Тоа е првата победа на норвешкиот тим оваа сезона во елитното натпреварување на Стариот континент, откако во првите шест кола забележаа три нерешени резултати и три порази. Од друга страна, Сити го доживеа својот втор пораз, со четири победи и едно нерешено.

Наполи во Копенхаген одигра 1:1 со истоимениот тим, а асистент на голот за гостите беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, кој го изведе корнерот по кој со глава погоди Мектоминеј.

Резултати од останатите натпревари:

Вилјареал- Ајакс 1:2,

Тотенхем- Борусија Дортмунд 2:0,

Олимпијакос- Баер Леверкузен 2:0

Каират – Бриж 1:4

Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел