| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
На ЕНЕР е објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирањето
Целта е да се создаде појасен и поефикасен систем во кој лобирањето е легитимен и транспарентен инструмент за учество во креирањето јавни политики, а истовремено се спречува прикриеното и недозволено влијание врз јавните одлуки
На ЕНЕР е објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирањето
Со предложените измени се зајакнуваат и механизмите за спречување прикриено и недозволено лобирање преку дигитални канали и социјални мрежи

Министерството за правда соопшти дека на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) е објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирањето.

Со предлог-законот, како што наведува, се нудат решенија за зајакнување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста во процесите на креирање и спроведување на јавните политики.

„Со предложените измени се проширува опфатот на лобирањето на процесите на донесување, изменување, спроведување и евалуација на јавните политики, се прецизираат правилата за застапување на јавниот интерес, се зајакнуваат механизмите за спречување прикриено и недозволено лобирање, вклучително и преку дигитални канали и социјални мрежи, се воведуваат обврски за органите кај кои се лобира во однос на одговорот и остварувањето на контактите и се унапредува транспарентноста преку објавување информации за учесниците, застапуваните интереси, иницијативите и официјалните средби“, соопшти Министерството.

Со предложеното решение се зајакнува и надзорот и контролата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и се предвидуваат нови и повисоки прекршочни санкции за непочитување на законските обврски.

„Целта е да се создаде појасен и поефикасен систем во кој лобирањето е легитимен и транспарентен инструмент за учество во креирањето јавни политики, а истовремено се спречува прикриеното и недозволено влијание врз јавните одлуки“, истакнува Министерството за правда.

Повеќе
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец
Кос: Во ЕУ нема место за земји кои величаат воени злосторници
Хрватската опозиција го притиска Пленковиќ за оставка по скандалот со токсичен отпад
Азербејџанскиот претседател Алиев го прими турскиот министер за надворешни работи Фидан
УНИЦЕФ: Борбите во Јемен го попречуваат образованието на над 100 илјади деца
Лавров: Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина