| Macedonian
Oпен АИ проценет на 500 милијарди долари, стана највредниот приватен стартап во светот
Скокот на проценката дојде откако сегашни и поранешни вработени продадоа акции на инвеститори во секундарна понуда вредна 6,6 милијарди долар и е силно зголемување од претходната проценка од 300 милијарди долари пред неколку месеци
Oпен АИ проценет на 500 милијарди долари, стана највредниот приватен стартап во светот
Oпен АИ, предводена од Сем Алтман, е во преговори со Мајкрософт за да стане јавна компанија со статус на корпорација од јавен интерес / Reuters

Компанијата за развој на вештачка интелигенција Oпен AИ денес достигна вредност од 500 милијарди долари, според најновата проценка, станувајќи највредниот приватен стартап во светот и престигнувајќи го СпејсX на Елон Маск, претходно проценет на 400 милијарди долари.

Скокот на проценката дојде откако сегашните и поранешните вработени продадоа акции на инвеститори во секундарна понуда вредна 6,6 милијарди долари, објави Блумберг.

Тоа претставува силно зголемување од претходната проценка од 300 милијарди долари претходно оваа година и ја потврдува инвестициската еуфорија околу вештачката интелигенција.

Oпен АИ сè уште работи без профит, но потпишува договори со гиганти како Оракл и инвестира во инфраструктура што би можела да чини билиони долари во наредните години.

Оваа пресвртница доаѓа во време кога Oпен АИ, предводен од Сем Алтман, е во преговори со Мајкрософт за да стане јавна компанија со статус на корпорација од јавен интерес.

Ова е посебна правна форма на бизнис во Соединетите Американски Држави што комбинира профитна ориентација со општествено корисна мисија, така што покрај остварувањето профит, мора законски да работи и во корист на заедницата или јавното добро.

Доколку се постигне оваа трансформација, Oпен AИ формално ќе го напушти својот непрофитен модел врз кој е основан во 2015 година.

Повеќе
Нетанјаху се појави на суд по 86-ти пат во судењето за корупција
Зеленски: Русија лансира 200 дронови и го прекина делумното примирје
Австралија: Нашите патници од крузерот со хантавирус се во добра состојба
Шест луѓе убиени во израелски воздушен напад врз Либан
Трамп фрустриран од разговорите со Иран размислува за нови напади
Четвртина Американци веруваат дека третиот обид за атентат врз Трамп е исцениран
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти
Есра Албајрак: Светот има потреба од нови глобални центри на мудрост надвор од Западот
Мировниците на ОН во Либан регистрирале повеќе од 1.296 израелски напади во последните три дена
Трамп вели дека примирјето со Иран е на ниски гранки
ЕУ ја обновува целосната соработка со Сирија
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан