| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Судењето за пожарот во Пулс почнува на 19 ноември со нов судија во судечкиот совет
Дополнително, изземање побарале и добиле и судијките Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска поради познанството со дел од оштетените во пожарот, поради што како втор член на судечкиот совет е назначен судијата Ахмед Идризи
Судењето за пожарот во Пулс почнува на 19 ноември со нов судија во судечкиот совет
Семејствата на починатите деца информираа дека по добивањето на датумот за почеток на судењето, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати / AA

Судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој загинаа 63 лица ќе почне на 19 ноември, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Судењето ќе се одвива во најголемата и дигитално најопремена судница во земјава, која е изградена та во рамките на Казнено-поправната установа „Идризово“.

Во меѓувреме, семејствата на загинатите деца во Пулс информираа дека по добивањето на датумот за почеток на судскиот процес, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но маршевите ќе продолжат секоја сабота- како симбол на нивната упорност и борба за вистината.

Почетокот на судењето е закажано откако надлежниот совет при Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на октомври во целост го одобри обвинителниот акт што првично го поднесе Основното јавно обвинителство Кочани, а кој потоа со решение на државниот јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, беше доделен во надлежност на скопското Основно јавно обвинителство.

Согласно Автоматизираниот систем за распределба на судските предмети – АКМИС, како што претходно информираат од Кривичен, предметот е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска.

Меѓутоа, во денешното соопштение од Судот информираат дека покрај судиите кои се изземаа од постапување по предметот пред оценка на обвинителниот акт, дополнително, изземање побарале и добиле и судијките Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска поради познанството со дел од оштетените во пожарот.

Поради овие околности, како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува во предметот, е определен судијата Ахмед Идризи.

Од Кривичен, исто така, информираат дека се определени уште шест термини одржување на главната расправа- на 25.11.2025 г., 26.11.2025 г., 02.12.2025 г., 04.12.2025 г., 10.12.2025 г. и 11.12.2025 г.- а по нејзиното отпочнување ќе бидат усогласени и дополнителни.

Смртниот биланс од пожарот во Кочани се зголеми пред два дена, кога почина Владимир Блажев-Панчо, од дуото ДНК, кој беше тешко повреден во трагедијата.

Блажев беше еден од осомничените за пожарот, а за кои Обвинителството времено ја прекина постапката, поради здравствената состојба во која се наоѓаше.

Според обвинението, сите обвинети се товарат за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, со исклучок на еден, кој е обвинет за примање мито за изготвување на лажните лиценци за да може објектот да функционира како кабаре-клуб.

Иако првично бројот на осомничени во истрагата беше поголем и изнесуваше околу 50 лица, за дел од нив постапките се прекинати бидејќи во текот на истрагата не се обезбедени докази за нив.

Меѓу лицата за кои се прекинува постапката се и двајца поранешни министри за економија.

Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата „Класик ДМ“ ДОО Кочани, чија подружница бил т.н. кабаре „Пулс“, односно фирмата „МММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани.

Обвинети за трагедијата се и тројцата ексградоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, еден генерален секретар и двајца министри за економија, службеници на Државниот пазарен инспекторат, како и членови на обезбедувањето на клубот, од кои еден, како што беше кажано, немал ниту лиценца за вршење на дејноста.

За случајот со „Пулс“ пред неполн месец, односно на 5 септември, Обвинителството поднесе уште еден обвинителен акт против сопственикот на фирмата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев.

Нацев, исто така, се гони за тешки дела против општата сигурност бидејќи, според обвинителството, тој има особен придонес во пропустите за „Пулс“, односно не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.

Повеќе
Кремљ: Внимателно ќе го следиме Самитот на подготвените за Украина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се модел што треба да го земат како пример соседните земји
Израелската армија урива и пали куќи во јужен Либан и покрај рамковниот договор
Кина пак апелира за слободен и безбеден сообраќај низ Ормуз по обновените напади меѓу САД и Иран
Турскиот и египетскиот министер за одбрана на средба за проширување на безбедносната соработка
Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Јилмаз: Силната одбранбена индустрија е клучна за стратешката независност на Туркије
Туркије достави 30 тони хуманитарна помош за Венецуела по катастрофалните земјотреси
ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран
Иран тврди дека ги погодил американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во Оман
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за новите санкции кон Русија
Зеленски ја смени премиерката Свириденко, најави реконструкција на украинската влада
Иран го затвори Oрмуз, ги напаѓа земјите од Персискиот Залив по нападите на САД