| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски
Специјално дизајнираните копачки ги дизајнираше македонскиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски.Од студиото истакнаа дека Џеко уште од самиот почеток бил меѓу приоритетите за проектот за креирање уникатни модели наменети за врвни спортисти.
Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски
Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски / Other

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, доби посебен подарок во пресрет на настапот на Светското првенство.

Познатото креативно студио Swithadot претстави персонализирани копачки изработени ексклузивно за босанскиот „Дијамант“, а на социјалните мрежи беше објавено и видео од неговата реакција при врачувањето на овој уникатен подарок. Специјално дизајнираните копачки ги дизајнираше македонскиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски.

Од студиото истакнаа дека Џеко уште од самиот почеток бил меѓу приоритетите за проектот за креирање уникатни модели наменети за врвни спортисти пред најголемата фудбалска смотра во светот.

„Кога решивме да создаваме OneOfAKindS модели за спортисти со статус и аура на најголемите, кои одат кон Светското првенство, Един беше на самиот врв од нашата листа на желби“, порачаа од Swithadot.

Како основа за дизајнот послужил моделот Adidas F50, додека инспирацијата била пронајдена во симболот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина – Змејот. Копачките ги красат две нијанси на сина боја, знамето на Босна и Херцеговина се протега долж страничните делови, а препознатливите линии на Adidas се прекриени со слој од течно 18-каратно злато.

Посебен детал претставува и натписот „ЏЕКО“, поставен на страничниот дел од копачките како завршен печат на уникатниот дизајн.

Од Swithadot Studio нагласија дека станува збор за единствен примерок кој нема да биде достапен за репродукција ниту за продажба, додека правата на дизајнот остануваат во нивна сопственост.

Компанијата rgol.pro  успеа да да лоцира и набави совршена база за копачките во рок од само 24 часа, додека за лична и безбедна достава се погрижи порпаролот на ФФМ, Златко Андоновски и нејзините претставници, објавија медиумите.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Ердоган повика на посилно раководство во ОН за време на разговорот со Макрон и го покани на КOП31
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа
Нови обвиненија за Пулс: Контролори од УЈП зеле рачен часовник и очила поткуп од синот на газда Деко
Дуран: Туркије на КOП31 ќе ги претвори климатските ветувања во трајни акции
Турскиот Парламент го одобри Договорот за заедничка одбрана од Мека
Во голем број општини сè уште не се формирани совети за превенција на детско престапништво
Tрансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром за првпат изведена во земјава
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026