Индонезискиот вулкан Мерапи повторно еруптира
Денес вулканот почна да исфрла вулканска пепел во текот на ерупцијата во округот Тана Датар
Индонезискиот вулкан Мерапи повторно еруптира / AA
Вулканот Марапи во Западна Суматра, Индонезија, повторно еруптира.
Денес вулканот почна да исфрла вулканска пепел во текот на ерупцијата во округот Тана Датар.
Досега Марапи еруптираше 416 пати од неговата прва ерупција на 3 декември 2023 година.
Надлежните им забранија на жителите да се приближуваат во радиус од три километри од центарот на ерупцијата.