| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Ју: Северна Кореја испрати уште 3.500 војници во Русија
Пратеникот Ју Јонг-веон од владејачката партија Народна сила во Јужна Кореја се повика на разузнавачките информации што ги добил од шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-потполковник Кирило Буданов
Ју: Северна Кореја испрати уште 3.500 војници во Русија
Ју: Северна Кореја испрати уште 3.500 војници во Русија / Archivo AFP
5 март 2025

Северна Кореја пратила околу 3.500 дополнителни војници во Русија на обука, со можност за трета рунда распоредување војници, изјави денес јужнокорејскиот пратеник што неодамна ја посетил Украина, јавува Анадолу.

Пратеникот Ју Јонг-веон од владејачката партија Народна сила во Јужна Кореја се повика на разузнавачките информации што ги добил од шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-потполковник Кирило Буданов, за време на неговата посета на Украина минатиот месец, пренесе Јонхап њуз од Сеул.

Според него, околу 3.500 севернокорејски војници се наоѓаат на обука за адаптација на теренот на пет локации во рускиот Далечен Исток, а постои можност за трето распоредување.

„Втората група севернокорејски војници брои околу 1.500 луѓе и веќе се распоредени во близина на руската област Курск по завршувањето на обуката“, изјави Ју претходно во денешното интервју за радио ЦБС.

„Од украинската Влада добив информации дека се праќаат дополнителни војници за да се дополни постојната сила и дека друга група е во фаза на подготовка за распоредување“, додаде тој.

Ју, исто така, истакна дека Украина проценува дека досега загинале околу 4.000 севернокорејски војници.

Во јануари, јужнокорејската Национална разузнавачка служба тврдеше дека најмалку 300 севернокорејски војници биле убиени, а 2.700 ранети во борбите против Украина.

Во октомври минатата година Пентагон објави дека Северна Кореја пратила околу 10.000 војници во Источна Русија.

Пјонгјанг досега молчеше и не ги коментираше извештаите за наводните загуби и жртви меѓу неговите војници во Русија.

Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири