Нови ЕУ санкции за Русија – Забранет увоз преку гасоводот “Северен тек”
Пакетот санкции, исто така, е насочен кон уште 105 бродови поврзани со таканаречената руска флота во сенка, го ограничува пристапот на руските банки до меѓународни механизми за финансирање, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас
ЕУ одобри еден од своите „најсилни“ пакети санкции за Русија, вклучувајќи забрана за увоз од гасоводот „Северен тек“ и построги ограничувања за извоз на нафта, објави денеска шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас.
„Цврсто стоиме. ЕУ штотуку одобри еден од своите најсилни пакети санкции против Русија досега. Вршиме поголем притисок врз воената индустрија на Русија, кинеските банки што овозможува избегнување на санкциите и го блокираме извозот на технологија што се користи во беспилотни летала “, објави таа на X.
Пакетот, исто така, е насочен кон уште 105 бродови поврзани со таканаречената руска флота во сенка и го ограничува пристапот на руските банки до меѓународните механизми за финансирање, рече Калас.
„Понатаму го намалуваме воениот буџет на Кремљ“, рече Калас, осврнувајќи се на војната меѓу Русија и Украина, која предизвика најголем број санкции од ЕУ врз Москва.
Калас, исто така, објави дека ЕУ, за прв пат, назначува регистар со странско знаме и ја санкционира најголемата рафинерија во Индија, во сопственост на руската фирма „Роснефт“.
„Нашите санкции ги погодуваат и оние што индоктринираат украински деца. Ќе продолжиме да ги зголемуваме трошоците, така што запирањето на агресијата ќе стане единствениот пат напред за Москва“, додаде таа.