| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Трипуновски: Зголемен извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти споредбено со 2024 година
„Податоците за извозот се охрабрувачки и претставуваат дополнителен мотив да продолжиме со уште поголема посветеност“, оценува Трипуновски.
Трипуновски: Зголемен извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти споредбено со 2024 година
Трипуновски: Зголемен извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти споредбено со 2024 година / AA
5 јануари 2026

Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 година споредбено со 2024 година, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Во телевизиско гостување, Трипуновски посочува дека според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари–октомври 2025 година во споредба со истиот период во 2024 година, извозот на земјоделски производи е зголемен за 5,5 проценти, што укажува на зголемено земјоделско производство во државата.

„Во вториот и третиот квартал имаме сериозен раст во откупот и продажбата на земјоделски производи“, вели Трипуновски.

Најавува дека во наредниот период ќе се работи на мерки и политики со цел 2026 година да биде уште поуспешна од 2025 година, нагласувајќи дека македонскиот земјоделски производ е квалитетен и заслужува свое место на европските и светските полици.

„Податоците за извозот се охрабрувачки и претставуваат дополнителен мотив да продолжиме со уште поголема посветеност“, оценува Трипуновски.

За кампањата „Македонско најдобро“ вели дека се потенцира важноста на македонските производители на храна и се придонесува кон зголемување на производството на квалитетни земјоделски производи.

„Клучот го гледам во зголемувањето на квантитетот на земјоделското производство. Земјоделците ќе бидат задоволни, бидејќи со поголема продадена количина по единица цена се остварува поголем приход. Ова не се однесува само на домашниот пазар, туку и на извозот на земјоделските производи“, вели Трипуновски.

Тој потенцира дека еден од неговите приоритети е како да привлечат младите луѓе и се внесе нова сила и нова енергија во земјоделскиот процес, затоа што само на тој начин ќе обезбедиме предвидливост и одржливост во секторот.

„Покрај стимулациите и финансиските програми, еден од клучните приоритети е рентабилноста, бидејќи секој млад човек, без разлика дали сака да се занимава со земјоделство или со некоја друга дејност, секогаш гледа дали постои рентабилност. Затоа наш фокус е да обезбедиме рентабилност во земјоделскиот сектор“, истакна министерот Трипуновски.

Појасни дека на сите јавни повици и објави, младите луѓе кои аплицираат без разлика дали станува збор за доделување земјоделско земјиште или за други видови грантови имаат предност.

„На тој начин им даваме отворена врата и сигурност да го реализираат својот интерес“, нагласи министерот.

Трипуновски посочи дека во новиот Закон за земјоделство и рурален развој е предвидена посебна мерка која ќе значи директна поддршка и враќање на младите луѓе кои ќе започнат сопствен земјоделски бизнис. Со донесувањето на законот ќе бидат обезбедени сериозни грантови со цел да се стимулираат младите да се вратат во руралните средини и активно да се вклучат во земјоделското производство.

„Првите сигнали кои пристигнуваат по пласирањето на оваа идеја се навистина позитивни и за поздравување“, истакна министерот.

Тој со порака до земјоделците да продолжат да бидат храбри и да произведуваат.

„Министерството и Владата ќе бидат тука, партнерски да работиме за одржување и унапредување на секторот. Се надевам на добро здравје, плодна година, поволни климатски услови и 2026 година која ќе биде уште поуспешна“, порача министерот Трипуновски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Германските фирми ја гледаат Туркије како стратешки центар за производство и снабдување
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони