Иран предупреди во вторникот дека еден од неговите одговори би можел да вклучува збогатување на ураниум до чистота од 90 проценти во случај на обновена офанзива од страна на САД и Израел на негова територија.
Нивото на чистота од 90 проценти се смета за оружје.
„Ќе ја разгледаме таа опција во парламентот“, рече Ебрахим Резаи, портпарол на Комитетот за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот парламент, во објава на X.
Коментарите на Резаи дојдоа во услови на ескалација на регионалните тензии откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи одмазда од Техеран против Израел, како и против сојузниците на САД во Заливот во кои се има американски бази и персонал, заедно со затворањето на Ормускиот теснец.
Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април преку пакистанско посредништво, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор. Примирјето подоцна беше продолжено од страна на американскиот претседател Доналд Трамп без утврден рок.
Во неделата, Иран му го испрати на Пакистан својот одговор на американскиот предлог за прекин на војната, но Трамп го отфрли како „тотално неприфатлив“.


















