| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Трамп: САД ќе испратат ракетни системи „Патриот“ во Украина
„Многу сум разочаран од претседателот Путин. Мислев дека е човек што го мисли тоа што го зборува — зборува прекрасно, а потоа во текот на ноќта ги бомбардира луѓето. Тоа не ни се допаѓа“, рече американскиот претседател
Трамп: САД ќе испратат ракетни системи „Патриот“ во Украина
Трамп: САД ќе испратат ракетни системи „Патриот“ во Украина / Reuters
14 јули 2025

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испратат во Украина системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, изразувајќи го своето незадоволство од рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолу.

„Европската Унија плаќа за тоа. Ние не плаќаме ништо за нив, но ќе ги испратиме. Тоа ќе биде бизнис за нас и ќе им ги испратиме 'Патриот', кои им се очајно потребни“, изјави Трамп, без да прецизира колку ракетни системи „Патриот“ има намера да испрати во Украина.

„Затоа што Путин навистина изненади многумина. Зборува убаво, а потоа навечер ги бомбардира сите. Имаме мал проблем таму: не ми се допаѓа тоа“, додаде тој.

Трамп исто така објави дека ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој денес започнува дводневна посета на Вашингтон, каде што ќе се сретне и со државниот секретар Марко Рубио, секретарот за одбрана Пит Хегсет и членови на Конгресот.

Трамп истакна дека Европа најавила санкции против Русија.

„Многу сум разочаран од претседателот Путин. Мислев дека е човек што го мисли тоа што го зборува — зборува прекрасно, а потоа во текот на ноќта ги бомбардира луѓето. Тоа не ни се допаѓа“, рече американскиот претседател.

Сенаторите Линдзи Греам и Ричард Блументал на 1 април поднесоа закон со наслов „Закон за санкционирање на Русија 2025“, со кој ќе се воведе царина од 500 % на увезената стока од земјите што купуваат руска нафта, гас, ураниум и други производи.

Трамп минатиот четврток изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде дополнителни детали.

Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната