| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Медиуми: Синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, избран за нов ајатолах на Иран
Како што наведува порталoт Иран Интернешнл, одлуката која ја донел Советот за лидерство сè уште не е официјално објавена и се очекува тоа да биде направено откако ќе биде погребан Али Хамнеи
Медиуми: Синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, избран за нов ајатолах на Иран
Вечерва, Иранците започнуваат тридневна церемонија во спомен на ајатолахот Хамнеи / Reuters

Советот за лидерство на Иран го избра Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен водач на Иран, објави Иран Интернешнл.

Како што наведува порталoт, Моџтаба Хамнеи е избран на инсистирање на Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Според информациите добиени од тој портал, Иранското собрание на експерти, под притисок од ИРГЦ, го избра Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач.

Таа одлука сè уште не е официјално објавена и се очекува да биде објавена откако ќе биде погребан Али Хамнеи, забележува иранскиот портал.

Тој додава дека ова не е рутинско наследство, туку воена одлука од безбедносни причини и дека покренува сериозни прашања за уставната постапка.

Како што истакнува порталот, на ИРГЦ сега ѝ се потребни две работи истовремено - контрола и легитимитет.

По атентатот врз Хамнеи, иранските власти го формираа Советот за лидерство, чија цел беше привремено да ги преземе должностите на ајатолахот и да го избере неговиот наследник.

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека атентатот врз Хамнеи е „многу горчлив инцидент“ за целата иранска нација и дека срцето на иранската нација е „изгорено“ од оваа акција.

Али Хамнеи, кој беше лидер на Иран 37 години, беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран во саботата.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека секој лидер што иранскиот режим ќе го назначи да го замени убиениот ајатолах Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.

„Секој лидер назначен од иранскиот режим да води план за уништување на Израел, закана за Соединетите Американски Држави, слободниот свет и земјите од регионот и угнетување на иранскиот народ ќе биде недвосмислена цел за елиминација“, рече Кац.

Тој додаде дека „не е важно како се вика или каде се крие“ наследникот и рече дека Израел, заедно со американските партнери, ќе продолжи да дејствува „со полна сила“ со цел „да ги демонтира капацитетите на режимот и да создаде услови иранскиот народ да го собори и замени тој режим“.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро во она што го нарекоа „превентивни напади“ по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Повеќе
ЦЕНТКОМ: Трамп информиран за потенцијалните опции за „последен удар“ врз Иран
Санчез:Израелскиот напад врз флотилата е кршење на меѓународното право, ја повикувам ЕУ да дејствувa
Средба Грлиќ Радман – Муцунски: Загреб ја потврди поддршката за европскиот пат на Скопје
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита