ПСЖ против Монако, Јувентус со Галатасарај во нокаут фазата од Лигата на шампионите

Победникот помеѓу ПСЖ и Монако ќе игра против Барселона или Челзи, Галатасарај или Јувентус против Ливерпул или Тотенхем, Бенфика или Реал Мадрид ќе играат против Спортинг или Манчестер Сити

By
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, Унгарија / Reuters

Со ждрепка денеска напладне во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион се дознаа плејоф двојките за шеснаесетфиналето во Лигата на шампионите.

Во оваа фаза ќе играат клубовите кои завршија од деветото до 24-тото место, додека најдобрите осум по лигашкиот дел имаат обезбедено директно место во осминафиналето.

Актуелниот европски шампион ПСЖ кој го заврши лигашкиот дел на 11. место, во плејофот ќе игра против Монако, па така Франција сигурно ќе има свој претставник во осминафиналето.

Првите натпревари од плејофот за осминафиналето ќе се играат на 17 и 18, а реванш мечевите на 24 и 25 февруари.

Осумте првопласирани екипи од лигашкиот дел обезбедија директно пласман во осминафиналето: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер сити.

Лига на шампиони 2025/26

Плејоф, двојки

Монако- ПСЖ

Бенфика- Реал Мадрид

Карабах- Њукасл

Бодо/Глимт- Интер

Галатасарај- Јувентус

Борусија Дортмунд- Аталанта

Клуб Бриж- Атлетико Мадрид

Олимпијакос- Баер Леверкузен

Победникот помеѓу ПСЖ и Монако ќе игра против Барселона или Челзи, Галатасарај или Јувентус против Ливерпул или Тотенхем, Бенфика или Реал Мадрид ќе играат против Спортинг или Манчестер Сити.

Скелетот ќе биде целосно јасен по плејофот, ново извлекување е закажано за 27 февруари и тогаш ќе ги знаеме двата пата до финалето во Будимпешта.

Секако, патеките ќе ги разделат „соседите“ меѓу првите осум екипи. Тоа значи дека првопласираниот Арсенал и второпласираниот Баерн не можат да се сретнат до финалето, па во Унгарија можат да се сретнат само Ливерпул и Тотенхем, Барселона и Челзи, а Манчестер Сити и Спортинг.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, Унгарија.