| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи рече дека Техеран се обидува да одржи примирје за да обезбеди шанса за дипломатско решение, но дека преговорите се забавуваат поради, како што оцени, недостаток на доверба
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Зборувајќи на прес-конференција по завршувањето на самитот на БРИКС, тој истакна дека Иран не им верува на САД / AA

Иран е заинтересиран за продолжување на преговорите со Соединетите Американски Држави само ако другата страна е сериозна во врска со разговорот, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Зборувајќи на прес-конференција по завршувањето на самитот на БРИКС, тој истакна дека Иран не им верува на САД, пренесува Ал Џезира.

Арагчи додаде дека Техеран се обидува да одржи примирје за да обезбеди шанса за дипломатско решение, но дека преговорите се забавуваат поради, како што оцени, недостаток на доверба.

Претходно вчера, иранскиот министер изјави дека Иран нема да подлегне на притисоците на Соединетите Американски Држави и Израел, оценувајќи дека „империјалната сила во опаѓање“ прибегнала кон агресија и дестабилизација на регионот, повикувајќи ги членките на БРИКС да го осудат кршењето на меѓународното право и да го поддржат воспоставувањето поправеден светски поредок.

Говорејќи за време на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС 2026 во Индија, Арагчи истакна дека Иран двапати во рок од нецела година бил подложен на „брутална и илегална агресија“ од страна на САД и Израел.

„Сега на сите треба да им биде јасно дека Иран е непобедлив и секогаш кога е изложен на притисок, тој излегува посилен и пообединет од претходно“, изјави тој.

Арагчи порача дека Иран е подготвен да се „бори со полна сила“ во одбрана на својата слобода, суверенитет и територијален интегритет, додека истовремено останува целосно посветен на дипломатијата.

„Како што постојано нагласував, не постои воено решение за ниту едно прашање поврзано со Иран“, рече тој.

Повеќе
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД
Палестина го повикува светот да ја признае Накба како „злосторство на етничко чистење“
ФБИ нуди награда од 200.000 долари за поранешна оперативка која пребегнала во Иран
Извештај на германското разузнавање предизвика контроверзии околу пропалестинските симболи
Си Џинпинг: Поставивме нова визија за односите меѓу Кина и САД
Трамп ја заврши посетата на Кина: Се согласивме дека не сакаме Иран да има нуклеарно оружје
СЗО: Ковид-19 одзеде повеќе од 22 милиони животи низ целиот свет
Најмалку 12 загинати во рускиот напад врз Киев
Политичка криза во Летонија: Премиерката Силина поднесе оставка