Турскиот министер Јумакли: Турски противпожарен авион се урна во Хрватска, загина пилотот

„Остатоци од противпожарниот авион на нашата Генерална дирекција за шумарство, кој ја изгуби радиоврската во Хрватска, се пронајдени во близина на градот Сењ, Хрватска.“

By
Турскиот министер Јумакли: Турски противпожарен авион се урна во Хрватска, загина пилотот / AA

Пронајдени се остатоците од противпожарниот авион на Генералната дирекција за шумарство на Туркије, кој исчезна во Хрватска, а пилотот загина, изјави турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли.

„Остатоци од противпожарниот авион на нашата Генерална дирекција за шумарство, кој ја изгуби радиоврската во Хрватска, се пронајдени во близина на градот Сењ, Хрватска. Се молам за Алахова милост за нашиот пилот, кој загина во оваа трагична несреќа и им изразувам сочувство и трпение на неговото семејство и најблиските“, истана Јумакли преку турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“.

Претходно Министерството за земјоделство и шумарство соопшти дека е изгубена радиоврската со противпожарниот авион на Генералната дирекција за шумарство на Туркије во Хрватска.

„Два противпожарни авиона AT802, кои ѝ припаѓаат на Генералната дирекција за шумарство, полетаа од Чанаккале во среда, 12 ноември, во 10:24 часот по локално време за закажано одржување во Загреб, Хрватска. Поради временските услови, двата авиона ја поминаа ноќта на аеродромот во Риека, Хрватска.“

„Во четврток, 13 ноември 2025 година, во 17:38 часот по турско време, авионите полетаа кон аеродромот во Загреб, но тргнаа да се враќаат на аеродромот во Риека поради лошите временски услови. За време на повратната маршрута, едниот авион слета безбедно на аеродромот во Риека, но радиоврската со другиот е изгубена во 18:25 часот“, соопшти Министерството на X.