Израелската војска објави дека еден наредник е убиен за време на борбени операции во близина на либанската граница, објави „Ашарк њуз“.
Војската соопшти дека војникот е убиен во напад со беспилотно летало во неделата во северен Израел.
Во соопштението се идентификува како наредник Александар Глованов (47) кој беше убиен откако Хезболах лансираше неколку беспилотни летала натоварени со експлозив кон област во близина на либанската граница, објавија неколку израелски медиуми.
Израелската војска продолжи со секојдневните напади врз Либан и размена на оган со Хезболах и покрај прекинот на огнот што е во сила од 17 април, кој подоцна беше продолжен до средината на мај.
Во нападите на Израел врз Либан од 2 март, кратко по почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, загинаа 2.846 лица, беа ранети 8.693 и беа раселени повеќе од еден милион.
Израел, исто така, одржува таканаречена „безбедносна зона“ на либанска територија.
Соединетите Американски Држави треба да бидат домаќини на мировни преговори меѓу двете земји на 14 и 15 мај во Вашингтон.













