Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
На крајот од 2025 година американската војска убила близу стотина луѓе кои, според нивните изјави, шверцувале дрога преку водни патишта, додека нападите врз бродови се намалиле на почетокот од годинава
Американската војска објави на социјалната мрежа X дека нападнала брод во источниот дел на Пацификот, ноќта меѓу понеделник и вторник, при што загинале две лица, објави Ројтерс.
Со таа објава, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потврди продолжување на кампањата насочена кон запирање на рутата на дрога кон Соединетите Американски Држави.
Според Вашингтон, и овој нападнат брод учествувал во шверц на наркотици.
Во оваа објава се додава дека американската војска имала и техничка поддршка од Еквадорскиот центар за координација на поморското спасување.
На крајот од минатата 2025 година, американската војска убила близу стотина луѓе кои, според нивните изјави, шверцувале дрога преку водни патишта, додека нападите врз бродови се намалиле малку во 2026 година.