| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
13 самит на Организацијата на туркиски држави ќе ги собере лидерите на туркиските држави со цел зајакнување на економските односи и унапредување на соработката во дигиталната трансформација, трговијата и истражувањето на вселената
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Настанот, организиран под мотото „Туркиски век: единство во јазикот, мислата и делото“, ќе го организира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Анкара се подготвува во четврток и петок да биде домаќин на 13. самит на Организацијата на туркиските држави (ОТД), на кој ќе се разгледаат напредокот и соработката во областа на трговијата, инвестициите, енергетиката, дигиталната инфраструктура и вселената.

Настанот, организиран под мотото „Туркиски век: единство во јазикот, мислата и делото“, ќе го организира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Соработката меѓу земјите членки опфаќа широк спектар области, меѓу кои транспортот, дигиталните технологии, земјоделството и вселената.

Туркије ќе го преземе ротирачкото претседателство со ОТД од Азербејџан, а од лидерите што ќе учествуваат на самитот се очекува да ја усвојат Анкарската декларација, заедно со други договори за продлабочување на институционалната соработка.

Дигиталната соработка ќе биде во центарот на вниманието бидејќи неодамна Туркије стана трета земја, по Азербејџан и Узбекистан, што го ратификуваше договорот за партнерство во дигиталната економија, чија цел е олеснување на електронската трговија и прекуграничниот пренос на податоци.

Техничката соработка меѓу земјите членки на ОТД продолжува да се проширува и да опфаќа нови области, вклучително и проект за воспоставување заедничка дигитална платформа за земјоделски податоци, како и рамковен договор потпишан на 77. Меѓународен астронаутички конгрес (ИАК) за координација на заеднички проект за наносателит од типот КјубСат.

Во пресрет на настанот Сојузот на комори и стокови берзи на Туркије (ТОББ) во среда ќе биде домаќин на Бизнис-форумот и инвестицискиот форум на туркискиот свет, на кој во фокус ќе бидат Средниот коридор, граничната логистика и царинските прашања.

Претседателот на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов, во петок ќе се сретне со претставници на турската деловна заедница.

Дипломатските врски на Туркије со другите земји членки на ОТД се продлабочуваат паралелно со растот на економските односи.

Годишниот обем на трговската размена на Туркије со полноправните членки на организацијата- Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан- минатата година изнесуваше 17 милијарди долари, од кои 9,6 милијарди долари се однесуваа на извозот, а 7,3 милијарди долари на увозот.

Туркије оствари и ја задржа позицијата на нето-извозник во трговијата со земјите членки. Извозот се зголеми од 6,2 милијарди долари наспроти увозот од 4,2 милијарди долари во 2021 година, на 6,9 милијарди долари наспроти 6,2 милијарди долари во 2022 година, 8,8 милијарди долари наспроти 6,4 милијарди долари во 2023 година и 10 милијарди долари наспроти 6,5 милијарди долари во 2024 година.

Казахстан беше најголема дестинација за турскиот извоз во 2025 година, со 3,2 милијарди долари, по што следуваат Азербејџан со 3 милијарди долари, Узбекистан со 2,1 милијарда долари и Киргистан со 1,3 милијарди долари.

Од јануари до август 2026 година турскиот извоз во полноправните земји членки на ОТД достигна 6,1 милијарда долари, наспроти увозот од 5,4 милијарди долари. Најголем дел од извозот бил насочен кон Казахстан, во вредност од 2 милијарди долари, потоа кон Азербејџан со 1,9 милијарди долари, Узбекистан со 1,3 милијарда долари и Киргистан со 832,8 милиони долари.

ОТД продолжува да се проширува, а статус на набљудувачи имаат Туркменистан, Унгарија, Турска Република Северен Кипар (ТРСК) и Организацијата за економска соработка (ОЕС).

Повеќе
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Бајрактар: Туркије планира да инвестира 100 милијарди долари во електроенергетската мрежа до 2040 г.
Мерц по изборите: Активно ќе ја поддржиме Србија на европскиот пат
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година
Кина ја отфрла квалификацијата на САД дека Конфучиевите институти претставуваат безбедносна закана
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил