| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Уапсен Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер
„Денеска (23.2.2026) во 6:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница“, соопшти МВР.
Уапсен Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер
Уапсен Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер / AA Archive

Поранешниот прв вицепремиер на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска (23.2.2026) во 6:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во декември 2024 година, Груби ставен на „црна листа“ на САД поради, како што се наведува, вмешаност во значителна корупција, односно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Груби е осомничен за проневера во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

На 15 декември минатата година, Груби ја напушти земјава преку граничниот премин Долно Блаце.

Три дена потоа, односно на 18 декември, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрам, осомничени за проневера во истрагата за Државна лотарија. Потерницата е објавена откако на 17 декември 2025 година Основното јавно обвинителство Скопје достави наредба до МВР за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница за Груби и Бајрами. Претходно, Основниот кривичен суд Скопје им одреди притвор од 30 дена на двајцата осомничени.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци