| Macedonian
Четири американските држави бараат Мета да плати рекордна казна од 1,4 билиони долари
Во тужбата поднесена од Калифорнија, Кентаки, Колорадо и Њу Џерси се тврди дека Мета ги дизајнирала платформите на Фејсбук и Инстаграм за да поттикне зависност кај децата и тинејџерите и ја довела јавноста во заблуда за безбедноста на малолетниците
Четири американските држави бараат Мета да плати рекордна казна од 1,4 билиони долари
Од Мета тврдат дека бројката од 1,4 билиони долари е неоснована и не е поткрепена со докази / Reuters

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека четири американски држави бараат од неа да плати вкупно 1,4 билиони долари казни во тужба во која се тврди дека ги дизајнирала платформите на Фејсбук и Инстаграм за да поттикне зависност кај децата и тинејџерите и ја довела јавноста во заблуда за безбедноста на малолетниците.

Барањето за казна се однесува на тужби поднесени од Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси, објави Ројтерс.

Мета тврди дека бројката од 1,4 билиони долари е неоснована и не е поткрепена со докази.

Од компанијата велат дека таквата казна би била без преседан во историјата на заштитата на потрошувачите и е блиску до нејзината пазарна вредност, која е околу 1,5 билиони долари.

Компанијата, исто така, ги оспорува тврдењата за „зависност од социјалните медиуми“, наведувајќи дека терминот не е официјално призната психијатриска дијагноза.

Судењето во американскиот федерален суд во Оукленд, Калифорнија, е закажано да започне во август.

Судот ќе ги разгледа тврдењата дека Мета ги прекршила законите за заштита на потрошувачите и приватноста на децата, вклучително и тврдењата дека собирала податоци од малолетници без соодветна родителска согласност.

Во Соединетите Американски Држави моментално се водат илјадници судски постапки против Мета и други технолошки компании како што се Снеп, Алфабет и Бајтденс, забележува британската агенција.

Тужбите се засноваат на тврдења дека компаниите свесно развиле функции што поттикнуваат прекумерна употреба на платформите од страна на децата и тинејџерите, што наводно придонело за проблемите со менталното здравје на младите.

Повеќе
Приведени раководители на „Комуналец“ од Гостивар поради загадувањето на градскиот водовод
Трамп: Иран ќе плати „многукратно“ за сите убиени американски војници
Туфан Ерхурман: Кипарските Турци се еднакви сопственици на островот, а нe малцинство
Франција го обвини Иран за притворање на персоналот на амбасадата во Техеран
Бугарија: Парламентот ќе одлучува распоредување на американски авиони за полнење гориво
Хутите објавија дека воведуваат целосна поморска блокада врз Саудиска Арабија
Туркије ја одбележува 52. годишнина од мировната операција на Кипар
Извештај: Пентагон не ги објавил сите повредени војници и предизвикана штета од Иран
Барнам ја презеде функцијата премиер на Велика Британија
Маѓар ја поддржа шаховската велемајсторка Јудит Полгар за претседателка на Унгарија
Кувајт: Противвоздушната одбрана одговара на заканите со дронови
Иран откри дека добиле предлози од медијаторите за деескалација на конфликтот со САД
Бројот на загинати од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.208
Едно лице загина, а неколку се повредени во американскиот напад врз иранскиот град Тебриз
Двајца Палестинци убиени во напад на нелегални израелски доселеници во село на Западниот Брег