Москва ја обвини Украина за напад со дронови врз брод за течен природен гас во Медитеранот
Она што се случи го квалификуваме како чин на меѓународен тероризам и поморско пиратство, грубо кршење на основните норми на меѓународното поморско право, се вели во соопштението на министерството
Руското Министерство за транспорт во средата ги обвини украинските морски дронови за напад врз рускиот носач на течен природен гас, „Арктик Метагаз“, кој се запали во Медитеранот еден ден претходно.
Доколку се потврди, тоа ќе биде прв пат Украина да нападне руски носач на течен природен гас.
Службата за безбедност на Украина не одговори на барањето за коментар.
Украина често ги таргетира руските рафинерии за нафта и друга енергетска инфраструктура.
Руското Министерство за транспорт соопшти дека сите 30 членови на екипажот, руски државјани, се безбедни.
Поморско пиратство
„Она што се случи го квалификуваме како чин на меѓународен тероризам и поморско пиратство, грубо кршење на основните норми на меѓународното поморско право“, се вели во соопштението на министерството.
Се вели дека бродот, кој превезувал товар од руското арктичко пристаниште Мурманск, бил нападнат во близина на меѓународните води што ѝ припаѓаат на Малта и им се заблагодари на малтешките спасувачки служби.
Украинските морски дронови го започнале својот напад од брегот на Либија, соопшти министерството.
Компанијата која управува со бродот, ЛЛЦ СМП Техменаџмент со седиште во Русија, и најголемиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ сè уште не го коментираа инцидентот.