| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон
Според соопштението на ИЦE, полицајците се обиделе да сопрат возило управувано од Лоренцо Салгадо Араухо, за кој се вели дека нема регуларен имиграциски статус во Соединетите Држави
Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон
Федералното биро за истраги започнало истрага за околностите на инцидентот / Reuters

Припадници на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) убиле мексикански државјанин за време на интервенција во Хјустон, соопшти денес агенцијата, наведувајќи дека пукањето се случило откако мажот наводно се обидел да удри еден од полицајците со возило.

Според соопштението на ИЦE, полицајците се обиделе да сопрат возило управувано од Лоренцо Салгадо Араухо, за кој се вели дека нема регуларен имиграциски статус во Соединетите Држави.

Службата тврди дека Араухо не ги послушал наредбите на полицајците и „го користел своето возило како оружје“ за време на интервенцијата, обидувајќи се да прегази полицаец.

Како што е наведено, полицаецот потоа отворил оган со своето службено оружје „во самоодбрана“.

„Возачот бил погоден, а веднаш биле повикани службите за итни случаи. Тој бил префрлен во болница, каде што им подлегнал на повредите“, објави ИЦE.

Федералното биро за истраги (ФБИ) започна истрага за околностите на инцидентот.

Ова е втора пукање во која се вклучени припадници на ИЦE за помалку од една недела.

Пред шест дена, полицаец од ИЦЕ употребил огнено оружје додека се обидувал да запре осомничен во Харисбург, Пенсилванија, откако, наводно, возачот се обидел да им се закани на полицајците со своето возило и избегал од местото на настанот.

Осомничениот не бил пронајден во тој инцидент.

Повеќе
Кувајт ја активираше воздушната одбрана поради ирански напад со дронови
ЦЕНТКОМ: САД извршија дополнителни напади врз Иран
Јордан: Соборивме три ракети лансирани од Иран
Нови американски напади врз Иран во покраината Хузестан
Десет години, десет гласови: Како 15 јули останува во срцата на турските граѓани
Бурханетин Дуран: Неуспешниот обид за државен удар во 2016 година ја обликуваше иднината на Туркије
Tурскиот министер за одбрана: Духот на неуспешниот пуч треба да ги води идните генерации
Турските системи за борба против дронови ја потврдија својата вредност на Самитот на НАТО во Анкарa
Италија уапси 79 лица во акција против мафијашката мрежа Ндрангета
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори
ЕУ ги унапреди пристапните преговори со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија
Русија: Лансирана ракетата „Сојуз-2.1а“ со новиот екипаж на Меѓународната вселенска станица
Еден од преживеаните од обидот за пуч во Туркије живее со 20 парчиња шрапнел во телото една деценија
Мајка на турски полицаец убиен за време на обидот за пуч во 2016 година: Тагата сè уште е свежа
Радев: На Бугарија „не ѝ е место“ во Коалицијата на волните за Украина