Европската централна банка предупредува на ризици од растот на употребата на стабилни монети

Приближно 80 проценти од сите трансакции на централизираните берзи за криптовалути вклучуваат стабилни монети, додека другите употреби, како што се прекуграничните плаќања, се уште се маргинални

By
Вкупната пазарна вредност на стабилните монети е 280 милијарди долари, во која доминираат американските токени УСДТ и УСДЦ / Reuters

Европската централна банка (ЕЦБ) денес предупреди дека растот на употребата на стабилни монети (stablecoin), криптовалути поврзани со стабилни валути како што се доларот и еврото, носи ризици што треба внимателно да се следат.

Вкупната пазарна вредност на стабилните монети е 280 милијарди долари, во која доминираат американските токени УСДТ(USDT) и УСДЦ (USDC).

Стабилните монети главно се користат на берзите за криптовалути, каде што овозможуваат лесен влез и излез од тргување без конверзија.

Приближно 80 проценти од сите трансакции на централизираните берзи за криптовалути вклучуваат стабилни монети, додека другите употреби, како што се прекуграничните плаќања, се уште се маргинални.

Ако луѓето ја изгубат довербата во стабилната монета, тоа може да предизвика масовни повлекувања и пад на вредноста на токенот, со последователни секундарни ефекти врз берзите и краткорочните државни обврзници на Соединетите Американски Држави.

Ширењето на стабилните монети може да доведе и до одлив на депозити од банките, бидејќи корисниците би можеле да префрлат средства на овој токен, давајќи им на банките понестабилен извор на финансирање.

Меѓутоа, во Европската Унија, плаќањата на камата на стабилните монети се забранети, што го ограничува овој ризик.

Главниот ризик во Еврозоната доаѓа од регулаторните разлики меѓу јурисдикциите, кои дозволуваат разликата во правилата или цените меѓу различните земји во и надвор од Европската Унија да се искористи за остварување профит.

Споменатите ризици во Еврозоната во моментов се ограничени, но растот на употребата на стабилни монети бара внимателен надзор од страна на регулаторот, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.