Француската влада вчера преживеа две гласања за доверба

Целта на гласањето за доверба, кое го побараа крајнодесничарската Национален собор и крајнолевичарската Франција Неосвоена, беше да се протестира против трговскиот договор на Европската Унија со јужноамериканскиот трговски блок Меркосур

By
Премиерот Лекорну рече дека времето поминато на гласањето за доверба дополнително ги одложи веќе напнатите дебати за буџетот за 2026 година / Reuters

Францускиот премиер Себастијан Лекорну вчера преживеа две гласања за доверба во парламентот, па владата може да се фокусира на уште една дебата за буџетот во наредните денови.

Целта на гласањето за доверба, кое го побараа крајнодесничарската Национален собор (РН) и крајнолевичарската Франција Неосвоена (ЛФИ), беше да се протестира против трговскиот договор на Европската Унија со јужноамериканскиот трговски блок Меркосур.

И покрај противењето на Франција, земјите-членки на ЕУ минатата недела го одобрија потпишувањето на спорниот договор со Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај. РНи ЛФИ ја обвинија владата дека не прави доволно за да го спречи ова.

„Внатре во земјата, вие сте влада на вазали кои им служат на богатите. Надвор ја понижувате нашата земја пред Европската комисија и империјата на Соединетите Американски Држави“, изјави шефицата на парламентарната група на ЛФИ, Матилд Пано зборувајќи во парламентот пред гласањето за доверба.

Социјалистичката партија, како и републиканците, изјавија дека нема да го поддржат соборувањето на владата поради Меркосур, што беше причина и двете гласања да завршат неуспешно за опозицијата.

Предлогот предложен од ЛФИ успеа да освои 256 гласа, односно им недостасуваа 32 за да се изгласа недоверба на Лекорну. Предлогот на РН, пак, доби само 142 гласа.

Лекорну рече дека времето поминато на гласањето за доверба дополнително ги одложи веќе напнатите дебати за буџетот за 2026 година, додавајќи дека политичките лидери требало да се фокусираат на тоа.

Една опција што ја има Лекорну за буџетот за оваа година е да се повика на членот 49.3 од Уставот за да го донесе законот за буџет без гласање, откако се договори за неговата содржина со сите политички групи освен со РН и ЛФИ, рече владин извор.

Ова речиси сигурно ќе доведе до повеќе гласања за доверба.

Претседателот Емануел Макрон, според неговите помошници, сака буџетот да се донесе во јануари и е „неутрален“ во однос на тоа како тоа ќе се постигне.

Француската политичка ситуација е кревка од 2022 година кога Макрон го изгуби мнозинството во парламентот.

Неговите проблеми се влошија кога неочекувано свика парламентарни избори во средината на 2024 година, што резултираше со парламент поделен на три идеолошки блока: неговиот сојуз од десниот центар, левицата и Народниот собор, од кои ниту еден нема јасно мнозинство.