| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ
„Што значи исто како кога патуваме сега во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина… и не плаќаме за дополнителни пораки и повици, исто така, нема да плаќаме и во цела Европска Унија“, посочи Андоновски.
Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ
Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ / TRT Balkan
26 февруари 2026

Владата на последната седница го потврди усогласениот текст на измените на Законот за електронски комуникации и ќе го испрати до Европската Унија на проверка, со што ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата коишто се поставени во програмата „Роаминг како дома“ со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Информацијата од Европската Комисија од вчера, како што посочи Андовноски, покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација.

„Важно е што вчера се отпочна процес со јасна динамика и став на Европската Унија за сите земји од Западен Балкан дека процесот на преговори е отворен, што значи дека можност за пристапување кон „Роаминг како дома“ имаат сите држави од Западен Балкан. Кажав дека ќе бидеме една од првите држави кои ќе го потпише овој договор и ние веќе усогласениот текст на измените на Законот за електронска комуникација го потврдивме на владина седница во вторникот и го испраќаме до ЕУ, ЕК и Делегацијата да го проверат и да ни кажат дали тие измени се доволно добри за она што се бара од нас“, изјави Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по завршниот настан на проектот „ЕУ-поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во Република Северна Македонија.

Законот, Андоновски посочи, дека предвидува и донесување на два подзаконски акти кои, како што рече, се подготвени и се чека донесување на законот за потоа и Агенцијата за електронски комуникации да ги донесе.

„На овој начин ние правно сме подготвени да го потпишеме договорот. Со оваа иницијатива на Европската Комисија што ја гледам дека постои, со овој интензитет очекувам дека процесот навистина брзо ќе се движи“, изјави Андоновски.

Процесот, како што посочи Андоновски, зависи од преговарање, а ЕК преговара со сите телеком оператори во Европа не би кажал конкретни датуми, но нагласи дека ние до средината на март ќе бидеме готови и со Законот, доколку биде потврден од ЕК и со правилниците.

„Потоа оставаме простор и ЕУ да го направи својот чекор и очекувам дека тоа брзо ќе се случува. Очекувам дека ќе биде во текот на 2026 година“, изјави Андоновски.

Проектот „Роаминг како дома“, Андоновски појасни, значи дека пакетите што граѓаните ги плаќаат кај домашните оператори за интернет, телефонија и смс пораки ќе важат каде било во Европската Унија без дополнителни трошоци.

„Што значи исто како кога патуваме сега во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина… и не плаќаме за дополнителни пораки и повици, исто така, нема да плаќаме и во цела Европска Унија“, посочи Андоновски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Повиците за суспензија на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел добиваат на интензитет
Претседателот на турскиот парламент повикува на суспензија на Израел од Обединетите нации
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ