На саемот IDEF 2025 беа потпишани договори во вредност од 9 милијарди долари

Халук Ѓоргун на социјалната мрежа X истакна дека големиот собир ги претставил инженерските способности, визијата за извоз и стратегиската волја на турската одбранбена индустрија на светската сцена.

На саемот IDEF 2025 беа потпишани договори во вредност од 9 милијарди долари / AA

На Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF) 2025, кој се одржа минатата недела во Истанбул, беа потпишани договори во вредност од 9 милијарди долари, соопштија турските власти.

Халук Ѓоргун на социјалната мрежа X истакна дека големиот собир ги претставил инженерските способности, визијата за извоз и стратегиската волја на турската одбранбена индустрија на светската сцена.

Седумнаесеттото издание на саемот, кој траеше шест дена, започна во вторник и истовремено се одржа на повеќе локации: Истанбулскиот изложбен центар, аеродромот „Ататурк“, марината Атаќој и Конгресниот центар WOW.

Организатор на настанот е „KFA Fair Organization Inc.“, а се спроведува со поддршка на турското Претседателство на одбранбените индустрии, под управување и одговорност на Фондацијата за зајакнување на Турските вооружени сили.

На настанот учествуваа 1.491 компанија, делегации од 103 земји, 231 официјална посета и повеќе од 120.000 посетители, рече Ѓоргун, додавајќи дека на саемот првпат биле изложени над 1.100 производи.

„На саемот беа одржани околу 270 церемонии за потпишување договори во вредност од 9 милијарди долари, од кои 65% беа договори за извоз“, рече тој.

„Овие бројки не се само резултати од трговски саем туку глобален одраз на нашата посветеност на домашното производство и нашата стратегиска одбранбена архитектура“, истакна тој.