| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Вашингтон и Пекинг сакаат да помогнат во ставањето крај на руско-украинската војна, да ги заштитат енергетските текови низ Ормускиот Теснец и да го сузбијат шверцот со фентанил, изјави американскиот претседател Трамп во Шенжен
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Средбата меѓу Трамп и Кси се одржа по разговорите на Трамп со Путин, а подоцна во четврток се очекува да одржат и трилатерални разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за „извонреден личен однос“ со кинескиот претседател Кси Џинпинг, додека двајцата лидери водеа билатерални разговори во кинескиот град Шенжен во четвртокот, на маргините на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (AПEК).

„Уште од мојата прва државна посета на Кина, далечната 2017 година, па сè до ова патување девет години подоцна, претседателот Кси и јас изградивме извонреден личен однос... Тоа им донесе голема корист на народите од двете земји, а ние продолжуваме да го градиме тоа пријателство“, рече Трамп, истакнувајќи дека односите со текот на времето станале „сè поблиски“.

Трамп откри дека тој и Кси разговарале два часа за време на свечената вечера за добредојде и културната програма на AПЕК во средата навечер, дискутирајќи за клучни прашања пред нивната официјална средба.

„Мислам дека ќе произлезе нешто од тоа.“

Царини и трговија со земјоделски производи

Се очекуваше двајцата лидери да разговараат за трговски прашања, царини и технолошки ограничувања, вклучително и за чиповите.

Осврнувајќи се на економските врски, Трамп укажа на Американско-кинескиот трговски одбор, формиран за време на неговата посета на Пекинг во мај, како и на предлогот за намалување на царините „30 за 30“, финализиран за време на државната посета на Кси на Вашингтон во септември.

Според тој предлог, двете страни се согласија да ги намалат царините за увоз во вредност од 30 милијарди долари, на „многу правичен начин“.

Тој изјави дека ќе побара од Пекинг да го зголеми обемот на набавки на земјоделски производи за да се задоволи „незаситниот апетит“ на Кина.

Оваа средба претставува втора посета на Трамп на Кина оваа година и трета рунда разговори меѓу двајцата лидери.

На нивните претходни два самита, Трамп и Кси се согласија да „изградат конструктивен однос на стратешка стабилност, заснован на почит, правичност и реципроцитет“.

Украина и Иран

Говорејќи во име на двајцата лидери, Трамп изјави дека Вашингтон и Пекинг сакаат да помогнат во ставањето крај на руско-украинската војна, додавајќи дека секој месец загинуваат 25.000 луѓе, „главно војници“.

Осврнувајќи се на прашањето за можна војна со Иран, Трамп изјави дека двете земји имаат силен заеднички интерес да обезбедат непречен проток на енергенси низ Ормускиот Теснец, клучна точка за глобалниот транспорт на нафта, како и да спречат Техеран да дојде до нуклеарно оружје. „И двете страни се цврсто посветени на овие две прашања.“

Тој, исто така, ја истакна борбата против трговијата со наркотици како една од „многуте други области за можна соработка“, наведувајќи дека, благодарение на строгите мерки за спроведување на законот, шверцот на фентанил по морски пат е намален за 97 отсто.

За време на средбата, Кси му рекол на Трамп дека односите меѓу Пекинг и Вашингтон се „стабилни и подобрени“.

„Во овој период, односите меѓу Кина и САД останаа генерално стабилни и се подобрија, носејќи конкретни придобивки за народите во двете земји и придонесувајќи за стабилност и предвидливост во светот“, изјави Кси.

Се очекуваат трилатерални разговори

Билатералната средба меѓу Трамп и Кси се одржа по разговорите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, а подоцна во текот на четвртокот се очекува тројцата лидери да одржат и трилатерални разговори.

Потврдувајќи дека неговата претходна средба со Путин служела „само како подготовка на теренот“, Трамп изрази очекување дека трилатералниот состанок би можел да биде „успешен“.

Претходно во четвртокот, Кси беше домаќин на 33. Самит на лидерите на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (AПЕК).

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Кац: Може да заземеме дополнителни територии во Газа, Либан и Сирија