| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Ердоган: Туркије ги засилува дипломатските напори за прекин на огнот во Газа
Ги засиливме нашите дипломатски контакти за да го вратиме прекинот на огнот, за ставање крај на прогонот и за запирање на мрежата на геноцидот, изјави Ердоган на настан по повод празникот Невруз во Истанбул
00:00
Ердоган: Туркије ги засилува дипломатските напори за прекин на огнот во Газа
Ердоган исто така истакна дека Туркије го зголемила хуманитарниот ангажман за помош на жителите на Газа во пресрет на Рамазан бајрам / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије ги интензивирала своите дипломатски напори за повторно воспоставување на прекинот на огнот во разурнатиот Појас Газа.

„Ги засиливме нашите дипломатски контакти за да го вратиме прекинот на огнот, за ставање крај на прогонот и за запирање на мрежата на геноцидот“, изјави Ердоган на настан по повод празникот Невруз во Истанбул.

Тој додаде дека Туркије никогаш нема да дозволи оваа криминална структура да го претвори регионот во море од крв, алудирајќи на израелската Влада.

Ердоган исто така истакна дека Туркије го зголемила хуманитарниот ангажман за помош на жителите на Газа во пресрет на Рамазан бајрам.

Повеќе од 700 Палестинци се убиени, а над 900 ранети во ненадејната воздушна кампања на Израел врз Газа од вторникот, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Убиени се речиси 50.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 112.000 се повредени во бруталните напади на израелската војска врз Газа од октомври 2023 година.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.


Повеќе
Трамп смета дека меморандумот е „целосна капитулација“ на Иран
Пентагон бара уште 80 милијарди долари за трошоците од војната со Иран
Најмалку 16 убиени во Либан од полноќни израелски напади и покрај прекинот на огнот
Одложено патувањето на Џ.Д. Венс во Швајцарија за разговорите со Иран
Мисајловски на состанокот на НАТО: Македонската Армија се развива со засилено темпо
Велика Британија ќе обезбеди 150 000 дронови и стотици ракети за поддршка на Украина
Пезешкијан: Меморандумот меѓу Иран и САД е историски документ
Радев: Нема да дозволиме санкции за Русија што негативно влијаат на бугарската економија
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Казни затвор за родителите на детето убиец од „Рибникар“ од српскиот суд
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Љатифи Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
Путин повика на засилување на соработката меѓу Русија и земјите од АСЕАН
Турската и шпанската одбранбена индустрија потпишаа договори за стратегиска соработка