| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
„Продолжениот конфликт создаде ужасна хуманитарна криза, со широко распространети напади врз цивили од страна на вооружени актери кои имаат непропорционално влијание врз децата и создаваат алармантна криза со трговијата со деца“, изјави Мулали
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан / AP

Шиобан Мулали, специјален известувач за трговија со луѓе на ОН изрази загриженост за наглиот пораст на трговијата со луѓе поврзана со конфликти во Јужен Судан, предупредувајќи за сериозни последици врз децата и широко распространети злоупотреби.

„Продолжениот конфликт создаде ужасна хуманитарна криза, со широко распространети напади врз цивили од страна на вооружени актери кои имаат непропорционално влијание врз децата и создаваат алармантна криза со трговијата со деца“, изјави Мулали.

Таа рече дека раселувањето и ограничениот пристап до хуманитарна помош ги влошуваат ризиците, при што 1,4 милиони луѓе бегаат од конфликтот во Судан, додавајќи на 1,9 милиони внатрешно раселени лица во Јужен Судан.

„Сексуалното насилство поврзано со конфликти стана нормализирано“, рече Малали, истакнувајќи дека девојчињата се жртви на трговија со луѓе во сексуално ропство и се подложени на присилна бременост, додека момчињата се насилно регрутирани во вооружени групи.

Мулали предупреди дека преживеаните се соочуваат со големи пречки во грижата. „Киднапирањата за сексуално ропство, присилното регрутирање, детските и присилните бракови и сексуалната експлоатација се тешки прекршувања на меѓународното право што може да се сметаат за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече таа.

„Неказнивоста мора да заврши“, додаде таа, повикувајќи на итни мерки за правда и посилна заштита на жртвите.

Повеќе
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт