Два дрона паднаа во близина на аеродромот во Дубаи, повредени четири лица

По падот на дроновите воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром во Дубаи продолжува да функционира нормално

By
Два дрона паднаа во близина на аеродромот во Дубаи, повредени четири лица / AP

Два дрона паднаа во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, при што се повредени четири лица, објави Канцеларијата за медиуми на Дубаи.

Канцеларијата соопшти дека инцидентот предизвикал полесни повреди кај двајца државјани на Гана и еден државјанин на Бангладеш, а еден индиски државјанин се здобил со повреди од среден степен.

Воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром во Дубаи продолжува да функционира нормално, се додава.

Регионалната ескалација се интензивираше откако Израел и САД започнаа заеднички напад врз Иран, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.

Потоа Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои се наоѓаат американски воени бази.