| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Лукаку ја заврши репрезентативната кариера
Лукаку играше на четири Светски првенства и три Европски првенства за време на неговата репрезентативна кариера и беше еден од клучните играчи на белгиската „златна генерација“, која со години беше меѓу најдобрите репрезентации во светот
Лукаку ја заврши репрезентативната кариера
Ромелу го носеше дресот на Белгија 135 пати и постигна 94 гола / AP (Wire)

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (33) во понеделник на социјалните мрежи објави крај на својата репрезентативна кариера, која траеше 16 години.

Од неговиот прв повик на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Благодарение на оваа исклучителна статистика, тој е најдобар стрелец во историјата на „Црвените ѓаволи“.

„Шеснаесет години. Во текот на тие 16 години, дадов сè што имав за репрезентацијата. Поминав низ секоја можна емоција“, напиша Лукаку на Инстаграм, заедно со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Лукаку се појави на четири Светски првенства и три Европски првенства за време на неговата репрезентативна кариера и беше еден од клучните играчи на белгиската „златна генерација“, која со години беше меѓу најдобрите репрезентации во светот.

Лукаку својот последен настап за репрезентацијата го одигра против репрезентацијата на Италија на 26 септември во 4. коло од Лигата на Нации.

Тој моментално игра за турскиот Фенербахче.

Повеќе
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
ЕУ: Платформите на социјалните медиуми не ги отстрануваат пријавените измами
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот