Демократите победија на изборите во Мајами по 30 години наспроти кандидатот на Трамп
Пресвртот се случи во градот Мајами каде победи демократската кандидатка Ајлин Хигинс која го порази републиканецот Емилио Гонзалез зад кого застана американскиот претседател
Републиканците на Доналд Трамп го претрпеа првиот посериозен пораз во сојузната држава Флорида која се сметаше за нивно најсилно упориште на последните изборни циклуси.
Пресвртот се случи во градот Мајами каде победи демократската кандидатка Ајлин Хигинс која го порази републиканецот Емилио Гонзалез зад кого застана американскиот претседател.
Хигинс обезбеди 59% од гласовите наспроти 41% на Гонзалез.
„Вечерва, луѓето од Мајами испишаа историја. Заедно, ја свртивме страницата на годините хаос и корупција и ја отворивме вратата кон нова ера за нашиот град - ера дефинирана со етичко, одговорно лидерство кое дава вистински резултати за луѓето“, рече Хигинс во соопштението.
Иако трката за градоначалник на Мајами е официјално непартиска, кандидатите поврзани со републиканците ја држат функцијата од 2009 година.