| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Пазарот функционирал како главен дистрибутивен центар, каде што пристигнатите пратки со зачини се делеле подеднакво меѓу трговците, пред да бидат испратени низ Анадолија во Западна Азија и Румелија во Источна Европа
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Слични центри постојат и во други делови од светот, како во Египет, Дамаск и на Балканот, бидејќи биле составен дел од отоманскиот трговски систем / AA

Историскиот пазар на зачини во Истанбул продолжува да пулсира како клучен економски и културен центар речиси 400 години по неговото основање во османлиската ера. Како пазар кој поддеднакво ги привлекува и домашните и странските туристи, тој секојдневно пречекува во просек меѓу 50 и 60 илјади посетители.

Професорот по Историја на Универзитетот Мармара, Фехми Јилмаз, за Анадолу изјави дека оваа градба го добила и името „Египетски пазар“ поради тоа што стоките и зачините од Азиско-пацифичкиот Регион пристигнувале во Истанбул преку Египет.

„Пазарот функционирал како главен дистрибутивен центар, каде што пристигнатите пратки со зачини се делеле подеднакво меѓу трговците, пред да бидат испратени низ Анадолија во Западна Азија и Румелија во Источна Европа“, вели Јилмаз.

„Статистиката покажува дека пазарот во просек го посетуваат по 40.000 луѓе дневно, а тоа значи околу 1 до 1,5 милиони посетители месечно“, рече тој.

„Ова место не е само обична градба направена од тули и камен, туку е важен центар кој ја прикажува нашата историја и култура, пренесувајќи ги и надвор од границите на Истанбул.“

Вакви слични трговски центри постојат и во други делови од светот, како во Египет, Дамаск и на Балканот, бидејќи биле составен дел од отоманскиот трговски систем.

Сами Којунџу, претседател на Здружението на занаетчии во „Египетската чаршија 1664“, за Анадолу изјави дека пазарот работи седум дена во неделата, потпирајќи се на длабоко вкоренетата култура на меѓусебна доверба.

Пазарот е и важен извор на вработување, со оглед на тоа што во секој дуќан работат во просек по седум до осум работници кои зборуваат повеќе јазици за да можат да им излезат во пресрет на гостите од целиот свет.

„Пазарот е дом на околу 120 дуќани, а 80 отсто од продажниот простор денес е посветен на трговијата со традиционални јаткасти плодови и егзотични зачини“, вели Којунџу.

„Пазарот е вистинска крстосница- таа е улица, култура и начин на живот. Ова е место каде што се собираат луѓе од многу различни земји и каде што можете да сретнете буквално секого“, рече тој.

Архитектонско наследство од 17 век

Овој покриен пазар го раздвижува животот и во околното соседство, помагајќи им на соседните трговци со платна, продавачите на монистра и традиционалните ресторани да го одржат својот бизнис.

Којунџу напомена дека Египетскиот пазар на зачини преживеал голем пожар во 1940 година, по што бил целосно обновен и повторно отворен во 1943 година. Неговата обемна модернизација и реставрација заврши во 2018 година, со што се доби место кое совршено го спојува архитектонското наследство од 17 век со барањата на модерниот глобален туризам.

„Луѓето овде можат да најдат производи што ги нема на локалните пазари или во други продавници“, вели тој. „Пазарот нуди производи од целиот свет, а локалната заедница на трговци игра клучна улога во тоа. Најмладите трговци тука се со стаж од 20-25 години, бидејќи овие дуќани се пренесуваат од татко на син, поврзувајќи ги генерациите.“

Пазарот воедно ги промовира и домашните производи, за да можат странските посетители да ги вкусат и да ги запознаат производите како што се лешниците и ф'стаците од Антеп или Сиирт, претворајќи го пазарот од обично место за продажба во изложбен простор.

Египетскиот пазар и понатаму привлекува голем број туристи од Шпанија, Грција и Латинска Америка. Иако неодамнешните геополитички конфликти на Блискиот Исток доведоа до благ пад на туризмот од тој регион, за време на големите верски и културни празници, како што се Рамазан и Курбан бајрам, пазарот бележи огромен бран на домашни и странски посетители.

Извор: АА

Повеќе
Арагчи: Иран е единствено одговорен за повторното отворање на Ормускиот Теснец
СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Сирија ги осуди израелските упади и гранатирања на јужниот дел на земјата
Куртулмуш: Прекинот на израелската агресија клучен за обезбедувањето светски мир
Кси му вети на Лукашенко континуирана развојна помош за Белорусија
Дефиле на бебиња во колички и мајки низ велешките улици
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Северна Кореја ја осудува заедничката воена вежба на САД и Јапонија
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.450, над 46.000 лица се исчезнати
Кина стави 20 јапонски субјекти под извозна контрола
Туркије: Израел ги користи настаните од 1915 година за прикривање на злосторствата во Газа
Иран и САД постигнаа договор по нападите: Oрмуз е отворен, преговорите продолжуваат
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Ротирачката врата на Даунинг стрит: Излезот на Стармер и десетгодишната цена од Брегзит