Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела минатиот месец се искачи на 5.208, изјави вчера претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез.
Родригез објави список на платформа за социјални медиуми Х во која е наведено дека 16.740 лица се повредени во силните потреси.
Тој рече дека властите им помогнале на 128.324 семејства и воспоставиле 107 привремени кампа во кои се сместени 23.820 луѓе.
Владата, исто така, регистрирала 1.388 последователни потреси.
Министерството за животна средина на Венецуела објави напредок во планот за еколошка рехабилитација започнат за обновување на крајбрежните области на Ла Гуаира, еден од регионите што беа најтешко погодени од земјотресите.
Во соопштението објавено на официјалниот профил на Министерството на Инстаграм, властите соопштија дека ќе бидат засадени автохтони растителни видови за да се помогне во враќањето на еколошката рамнотежа на брегот и рехабилитација на локалниот екосистем.
Министерот за екосоцијализам Нелсон Родригез изјави дека од двата последователни земјотреса останале околу 2,1 милион тони урнатини и отпад во погодените подрачја.
Тој истакна дека процената е направена со помош на студија за моделирање спроведена заеднички од венецуелската Влада и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Два земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија јужноамериканската земја на 24 јуни.



















