Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Овие договори се дел од поширок рамковен договор со вкупна вредност од 4,3 милијарди евра.
Германската влада планира да нарача борбени беспилотни летала во вредност од 536 милиони евра од локалните стартап компании „Хелсинг“ и „Штарк Дифенс“, како дел од зголеменото вооружување по нападот врз Украина.
Станува збор за договори за таканаречена „скитничка муниција“ - беспилотни летала што можат да лебдат над целна област пред да се урнат во целта, објави Ројтерс.
Овие договори се дел од поширок рамковен договор со вкупна вредност од 4,3 милијарди евра.
Според документите на кои имал увид Ројтерс, а кои првично ги објави „Шпигел“, договорите треба да бидат одобрени од буџетската комисија на долниот дом на германскиот парламент.
Бронтовите првично биле наменети за поддршка на 45-та германска тенковска бригада, која е распоредена во Литванија.
Договорите со двете компании се закажани за период од седум години, а испораката на првата серија се очекува на почетокот на 2027 година.