Како депониите го загрозуваат секојдневниот живот на граѓаните?
РЕГИОН
2 мин читање
Како депониите го загрозуваат секојдневниот живот на граѓаните?Депониите не се само места на кои се собира отпад, туку истовремено се еколошки бомби што отчукуваат
Како депониите го загрозуваат секојдневниот живот на граѓаните?

Во само неколку дена, три депонии во непосредна близина на главниот град беа зафатени од пожар: Дрисла, Вардариште и Трубарево. Иако за многумина тоа изгледа како уште една обична вест, вистината е дека овие пожари не се само локален проблем, тие директно го трујат воздухот што секојдневно го вдишуваат илјадници граѓани.

Отровот во воздухот

Кога пластика, гума, метал или медицински материјал се запалат, се ослободуваат супстанци што можат да бидат опасни и во минимални количини. Лекарите предупредуваат: децата, постарите лица, бремените жени и луѓето со срцеви и белодробни заболувања се најизложени. Симптомите се секојдневни: печење во очите, болно грло, хронична кашлица и тешко дишење.

Во Трубарево, мерните инструменти по последниот пожар регистрираа концентрации на јаглерод моноксид 30 пати над дозволеното. Безбедната граница е 10 mg/m³, а резултатите покажаа 300 mg/m³. За споредба, тоа е количина на гас која може да предизвика сериозни оштетувања дури и кај здрави луѓе ако се изложени подолго време.

Проблемот со нерегулираните депонии

Слабата регулатива, дивото фрлање отпад и бавната реакција на институциите се дел од причините зошто проблемот постојано се повторува. Вардариште, на пример, одамна е официјално затворено, но и понатаму се користи. Дрисла, пак, се претставува како „контролирана депонија“, но реалноста покажува дека таму често завршува и отпад за кој нема јасна трага. 

Неофицијално, во земјите од Балканот пристигнува и отпад од ЕУ- како „рециклирачки материјал“ или „вторична суровина“. Во пракса, дел од него завршува на диви депонии или се пали без контрола. Така, држави кои самите немаат капацитет да се справат со сопствениот отпад, ја префрлаат одговорноста на помали земји со слаби механизми за контрола.

Преблиску до луѓето

Во една мала земја како Република Северна Македонија, депониите се во близина на населбите. Дрисла е само 14 километри од центарот на Скопје, Вардариште едвај 7 километри. Луѓето живеат, работат и одгледуваат деца покрај овие простори. Не се прашање на периферија, туку на секојдневна реалност. Во земја каде што годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе, што претставува 17-19% од вкупната смртност, граѓаните апелираат посериозен пристап и ангажман за спроведување соодветни и ефикасни мерки протиз загадувањето. 

Побрза реакција

Меѓународните стандарди бараат санитарни депонии, заштитни појаси меѓу отпадиштата и населбите, редовни инспекции, транспарентни извештаи и итни планови за интервенција. Во државава, дел од тоа постои само на хартија. Еколошките и граѓанските здруженија бараат поголема грижа на надлежните институции со цел да се заштити јавниот интерес. 


Повеќе
Муцунски од Софија: Ние сме заложник на една непринципиелна блокада на нашиот европски пат
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
Зорлу: Туркије стана земја која се бара и на која ѝ се верува
Османи: Без брзо формирани институции, сонот на Косово за НАТО и ЕУ останува далеку
По 12 години, Северна Македонија и Туркије го враќаат на високо ниво дијалогот за патниот транспорт
Растат трошоците за живот
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
БиХ и Хрватска потпишаа договор за граничните премини
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ
Движењето Самоопределување на Албин Курти води на изборите во Косово
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Балкан Експо 2026 во Сараево собира повеќе од 100 компании од прехранбениот и земјоделскиот сектор
Макрон пристигна во Црна Гора, го пречека претседателот Милатовиќ
Парламентот на Словенија ја изгласа владата на Јанез Јанша
Германија и Франција предлагаат постепена интеграција во ЕУ на Западен Балкан и Молдавија