Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди кинескиот регион Синџијанг

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета

By
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди кинескиот регион Синџијанг / AA

Земјотрес со јачина од 5,1 степен е регистриран денес во северозападниот кинески автономен регион Синџијанг Ујгур, а според државните медиуми, засега нема извештаи за жртви.

Земјотресот го погоди округот Јули во монголската автономна префектура Бајинголин во 12:12 часот по локално време, објави новинската агенција Синхуа, цитирајќи го кинескиот сеизмолошки центар.

Потресот се случил на длабочина од 15 километри, со епицентар на 40,88 степени северна географска ширина и 84,17 степени источна географска должина.

Засега нема извештаи за настрадани лица или значителни оштетувања на објектите и инфраструктурата.