МВР објави: Казни од 15 до 500 евра за прекршоците регистрирани од камерите на Безбеден град
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите заради поголема лична и општа безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи
Од 1 февруари 2026 година официјално започнува казнувањето на сообраќајни прекршоци преку електронскиот систем, откако Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци што тој да стапи во сила.
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објави прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.
Тие се поделени во неколку делови – за пречекорување на брзина во и надвор од населено место, за поминување на црвено, непрописно запирање и паркирање, како и за учество во сообраќај на нерегистрирано возило.
Пречекорување на брзината на движење во населено место (дозволена брзина до 50 км на час, по исклучок до 70 км на час со знак):
до 10 км на час над дозволеното – 15 евра
од 10 до 30 км на час над дозволеното – 50 евра
од 30 до 50 км на час над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци
Пречекорување на брзината надвор од населено место (130 км на час на автопат • 110 км на час на пат за моторни возила • 90 км на час на други патишта)
до 30 км на час над дозволеното – 20 евра
од 30 до 50 км на час над дозволеното – 50 евра
од 50 до 70 км на час над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци
Поминување на црвено светло:
Глобата е 250 евра
Забрана за управување од три до 12 месеци
Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации):
Во зависност од видот и тежината на прекршокот глобите се од 25, 40,150 и 180 евра
Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици):
Глобата е 500 евра
Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, глобата е 100 евра
Намалување на износот на глобите:
Ако плаќањето е во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од глобата
Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите заради поголема лична и општа безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи.