| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски во ОН: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет
Прашањата поврзани со историјата, идентитетските прашања и глобалниот поредок беа дел од темите за кои Мицкоски говореше пред Генералното собрание на Обединетите Нации
Мицкоски во ОН: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет
Hristijan Mickoski

НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ. Ова се трите главни стратешки определби на државата кои денеска пред Генералното собрание на Обединетите Нации ги претстави македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

„Тоа не се три одвоени политики. Тоа е една геополитичка ориентација, втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија. Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност. Но, јасноста во нашите сојузи не значи вртење грб на светот. Напротив. Токму држава што е сигурна во своите демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара и да соработува со земји што имаат поинаква историја, поинакви интереси и поинакви политички погледи,” истакна Мицкоски.

Во говорот пред Генералното собрание на ОН тој се осврна и на идентитетските прашања и прашањата на историјата.

„Ние сме мала земја. Но, одбиваме големината на нашата територија да го одредува размерот на нашата амбиција. Нашата амбиција е да станеме сериозна држава. Држава на која нејзините сојузници можат да ѝ веруваат. Држава во која младите можат да ја планираат својата иднина. Држава што ги почитува различноста и мултикултурниот карактер на своето општество. Држава доволно сигурна во себе за да го брани сопствениот идентитет, без да го негира идентитетот на другите. Држава што ја знае својата историја, но не е заробена во неа. 

Говорејќи за глобалниот поредок Мицкоски рече дека државата нема да избере „стратешка двосмисленост“ во свет во кој повторно се заострува конкуренцијата меѓу големите сили.

„ Светот што се обликува пред нас е свет на поостра конкуренција. Моќта се прераспределува.“ Односите меѓу големите сили, рече тој, сè повеќе ги определуваат трговијата, технологијата, енергетиката, критичните суровини, транспортните правци и дигиталната инфраструктура. Дури и економската меѓузависност веќе почнува да се третира како безбедносно прашање”, порача премиерот пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Повеќе
Новиот лидер на шкотските лабуристи повикува Обединетото Кралство повторно да ѝ се приклучи на ЕУ
Црна Гора го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа
Најмалку 11 лица загинале во верижен судар на десетина возила во Бугарија
Заливските земји ќе формираат заедничка воена команда во Кувајт
Туркије ја одбележува 88-годишнината од смртта на таткото-основач Ататурк
Генералниот секретар на ОН ја пофали организацијата на самитот КOП31 од страна на Туркије
Макрон и сопругата со нова тужба за клевета против Кендис Овенс
Машиновозачите во Шпанија го запреа железничкиот сообраќај поради безбедносни грижи
Во Абу Даби почна новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД
Туркије го ревидира Акциониот план за Зелениот договор за да ја забрза дигиталната транзиција
Трамп го поддржа министерот за одбрана Хегсет откако против него е покрената постапка за инпичмент
Израелскиот Кнесет ќе биде конституиран во вторник, 28 дена за формирање влада
САД наводно преместил воздухоплови во британска база по закана од Иран
Франција го обвини Иран за кибер нападите врз фрижидери во супермаркетите
Украина се координира со ЕУ и НАТО пред средбата со Русија и САД во ОАЕ