Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран
Веројатно мисли дека ние и помагаме на Украина. Да и ние и помагаме изјави претседатеот на САД за Фокс Њуз
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин можеби му помага на Иран „малку“ во услови на тековната американско-израелска војна против Исламската република.
„Мислам дека можеби им помага малку, да, претпоставувам“, изјави Трамп за Фокс њуз кога беше прашан дали Путин му помага на Иран.
„И веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели? ... Да, и ние им помагаме“, додаде тој.
Трамп посочи дека другите глобални сили би можеле да ја видат динамиката на сличен начин.
„Кина би рекла истото... „тие го прават тоа и ние го правиме тоа““, рече тој.
Според извештаите на американските медиуми, Русија му обезбедува на Иран разузнавачки информации за да помогне во насочувањето на американските сили на Блискиот Исток. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на службеници запознаени со ова прашање, објави дека Москва му доставила на Техеран информации за локациите на американските воени средства, вклучувајќи воени бродови и авиони.