| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55 илјади на број. Тоа што го ветувавме тоа и го исполнуваме. Мислам дека секој студент добива 15.300 денари за набавка на електронски уред.“
Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди / MIA
17 ноември 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите студенти во земјава да аплицираат на повикот за ваучер во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уред.

„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55 илјади на број. Тоа што го ветувавме тоа и го исполнуваме. Мислам дека секој студент добива 15.300 денари за набавка на електронски уред. Не сакавме како многу влади во минатото што го правеа тоа, да го направиме ова пред изборите за да не биде сфатено како ете поинакво однесувањ,е неетичко однесување од страна на Владата“, рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање по  поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во општина Гази Баба.

Чекавме, рече, изборите да завршат официјално, со одлука на ДИК, и да го објавиме овој повик и ги повикувам студентите да се пријават на јавниот повик кој, како што истакна, е отворен до 1 јануари 2026 година.

Од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година. Од Министерството за дигитална трансформација појаснуваат дека за студентите кои се во евиденција на Министерството за образование и наука при аплицирањето не е потребно да прикачуваат никакви документи. Тие, исто така, го појаснуваат и процесот за аплицирање за студенти кои не се во евиденција на Министерството за образование и наука, и во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.

По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер. Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина