| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Папата Лав успешно опериран во Рим, потврден аденокарцином на белите дробови
Објавените информации укажуваат дека ракот е откриен во рана фаза и дека Папата не е во непосредна смртна опасност, онколозите и пред операцијата процениле дека прогнозата е одлична, дури и во случај на потврда на малигнитет
Папата Лав успешно опериран во Рим, потврден аденокарцином на белите дробови
Папата ги информираше верниците викендoв дека е подложен на операција поради изолиран јазол на белите дробови, откриен за време на рутински преглед

Поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Лав XIV, бил успешно опериран во болницата Џемели во Рим, а официјалните резултати потврдија дека тој страда од аденокарцином на белите дробови, објави Ватикан во вторник вечерта.

За време на торакалната операција, која траела околу 90 минути, лекарите го отстранија долниот лобус на десното белодробно крило на 71-годишниот папа.

Во официјалниот медицински билтен на Светата столица се вели дека се сомневало на рак дури и пред операцијата, а дијагнозата е потврдена со анализа на ткивото за време на постапката.

„Операцијата беше успешна и без никакви компликации. Светиот Отец се разбуди од анестезија навремено и по краток период на набљудување, беше префрлен во својата соба на десеттиот кат од болницата“, се вели во соопштението на Ватикан.

Објавените информации укажуваат дека ракот е откриен во рана фаза и дека Папата не е во непосредна смртна опасност. Онколозите пред операцијата процениле дека прогнозата е одлична, дури и во случај на потврда на малигнитет, бидејќи туморот се отстранува во рана фаза.

Папата Лав лично ги информираше верниците минатиот викенд дека е подложен на операција поради изолиран јазол на белите дробови, откриен за време на рутински преглед.

Се очекува неговото закрепнување во болницата да трае најмалку седум дена, а сите папски аудиенции и службени должности се откажани до 20 октомври.

Повеќе
Шведската политичарка Андерсон неуспешна во најновиот обид за формирање влада
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Нетанјаху нареди гонење на војниците кои ги открија масовните убиства во Газа во документарецот НАЗА
Наезда од креветни бубачки го откажа летот на „Квантас“ од Рим за Перт
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Јорданскиот крал Абдула Втори пристигна во Австралија на прва посета по една деценија
Северна Кореја потврди тест на тактичка балистичка ракета
Куртулмуш: Туркије мора да го зајакне својот внатрешен фронт во услови на регионалната нестабилност
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Мелони ја повика ЕУ да најде долгорочно решение за високите цени на енергијата
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран