| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Во соопштението се наведува дека најсиромашните земји ќе претрпат најмногу поради намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавната глобална економија.
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството / Reuters
пред 8 часа

Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормуската Теснина би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите, јави Скај Њуз, пренесе МИА.

Во соопштението се наведува дека најсиромашните земји ќе претрпат најмногу поради намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавната глобална економија. ФАО го издаде предупредувањето неколку часа откако почна американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека секој ирански брод што ќе се приближи до американската блокада на Ормуската Теснина ќе биде уништен.

„Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беше нивниот мал број од она што тие го нарекуваат „брзи напаѓачки чамци“, бидејќи не ги сметавме за голема закана. Предупредување: Ако некој од овие бродови се приближи до нашата блокада, тој веднаш ќе биде елиминиран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, кратко откако почна американската блокада на Ормуската теснина.

Трамп претходно соопшти дека САД ќе ги блокираат бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, почнувајќи од 10:00 часот по источно време (16:00 часот по средноевропско време) денеска.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека блокадата ќе се однесува на сите пловила што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучително и оние во Арапскиот и Оманскиот залив, и ќе се спроведува без оглед на земјата на потекло на пловилото.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Францускиот производител на цемент Лафарж прогласен за виновен за финансирање на Даеш во Сирија
Балканските земји испратија честитки до Маѓар
Пилотите на Луфтханза започнаа 48-часовен штрајк
Туркије предупреди против воени решенија за тензиите во Ормускиот Теснец, повика на мировен пристап
Иран: Ниту едно пристаниште во Персискиот Залив и Оманското Море нема да биде безбедно
Мерц: Германија се подготвува за значителни економски потешкотии од војната со Иран
Трамп го нападна папата Лав како „слаб во борбата против криминалот“
Пловидбата низ Ормускиот Теснец запрена веднаш по најавата за блокада од САД
Претседателот на иранскиот Парламент: САД наскоро ќе бидат носталгични за гориво од 5 долари
Орбан призна пораз на изборите во Унгарија
Светските лидери се собираат во Анталија на петтиот Дипломатски форум
Христијаните го слават празникот Велигден
Вучиќ и Бабиш го поддржаа Орбан во пресрет на изборите во Унгарија
Ердоган и Макрон разговараа за американско-иранското примирје и регионалната стабилност
Во турска Испарта три генерации од семејството Сезер го претвораат дрвениот отпад во уметност