| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Златко Далиќ повеќе не е селектор на Хрватска
Скромно пристигнување, незаборавно патување, гордо збогување, резултатите зборуваат за тоа каков тренер сте, а почитта на играчите, колегите и противниците за тоа каква личност сте, се наведува во пораката на Фудбалскиот сојуз на Хрватска
Златко Далиќ повеќе не е селектор на Хрватска
Селекторската улога бара многу тешки одлуки, но оваа сигурно беше најтешка за мене, изјави Далиќ / Reuters

Ерата на Златко Далиќ на клупата на хрватската репрезентација и официјално заврши. По елиминацијата од Светското првенство 2026, искусниот стратег реши да стави крај на својата успешна мисија, која започна во 2017 година.

Хрватска го заврши мундијалскиот настап во осминафиналето, каде беше поразена од Португалија со 2:1, а токму тој неуспех беше последниот натпревар на Далиќ како селектор.

За првпат откако ја презеде националната селекција, Далиќ не успеа да ја одведе Хрватска до светски медал. По историското сребро на Мундијалот во Русија во 2018 година и бронзениот медал во Катар во 2022 година, настапот во САД, Канада и Мексико означи крај на една од најблескавите страници во историјата на хрватскиот фудбал.

Покрај тоа, освои сребрен медал во Лигата на нации на УЕФА во 2023 година, а покрај Светското првенство во 2026 година, се квалификуваше и за ЕУРО 2020 и ЕУРО 2024 година.

Хрватскиот фудбалски сојуз преку официјално соопштение му се заблагодари на Далиќ за сè што направи во изминатите речиси девет години.

„Скромно пристигнување. Незаборавно патување. Гордо збогување. По речиси девет години, тренерот Златко Далиќ реши да ја заврши својата неверојатно успешна ера на чело на Хрватска. Селекторе, ви благодариме за сè- за победите, успесите, пласманите, медалите, заедништвото, почитта и решителната борба за Хрватска на теренот и надвор од него. Резултатите зборуваат за тоа каков тренер сте, а почитта на играчите, колегите и противниците за тоа каква личност сте“, се наведува во пораката на ХНС.

„Селекторската улога бара многу тешки одлуки, но оваа сигурно беше најтешка за мене. Секогаш велев дека нема поголема чест од водењето на мојата репрезентација и дека не можам да имам поважна, поодговорна и поубава работа од оваа. Кога ја презедов репрезентацијата, верував во квалитетот на играчите и во себе, но не се осмелив ниту да сонувам дека ќе постигнеме сè што постигнавме во овие речиси девет години. Не можам да опишам колку сум горд на секоја победа, пласмани на големи натпреварувања, три медали, големи ноќи на хрватскиот фудбал како онаа кога ги победивме Англија или Бразил на светските првенства, но најмногу од сè единството што го постигнавме во тимот и со хрватскиот народ, на што особено бевме сведоци на тие незаборавни дочеци по освојувањето на светските медали, рече Далиќ.

Хрватските медиуми веќе го посочуваат и неговиот наследник. Според нивните информации, најсериозен кандидат и иден селектор на „коцкестите“ ќе биде Славен Билиќ, кој треба да ја преземе репрезентацијата во новиот квалификациски циклус.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток